Повик за младинска размена во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-26 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „Real Facts Matter!“ во Сен-Жорж-д'Олерон, Франција. Место: Сен-Жорж-д'Олерон, Франција Датум: 3.10 – 11.10.2022  За проектот:Во денешно време живееме во медиумски свет полн со нови технологии, каде луѓето, особено младите, се „хранат“ со медиумски пораки што влијаат…

0 Comments

Hola Македонија! Група од 6 ВЕТ-студенти пристигна од Шпанија!

Шпанците, очигледно се вљубени во Македонија. Уште една недела и уште една група Шпанци пристигна во Скопје. Оваа нова група од 6 луѓе од Барселона ќе остане еден месец работејќи во различни канцеларии низ градот, во различни области, како бизнис, маркетинг и администрација. Волонтерски Центар Скопје ќе им биде домаќин за време на нивниот ВЕТ-проект.…

0 Comments

8 дена во Љубојно со „No H8 Speech“

Беше јуни, почеток на летото во Македонија, кога повеќе од 30 учесници од Хрватска, Данска, Португалија, Словенија и земјата-домаќин, се собраа за да се борат против еден од најактуелните и најприсутни проблеми во нашето секојдневие – говорот на омраза. Во периодот од 11.06 до 20.06 годинава, живописното село Љубојно крај Преспанското Езеро беше главната сцена…

0 Comments

Запознајте ги Рубен и Робин, нашите нови волонтери од Белгија!

Конечно! На 11 јули јас и мојот пријател - волонтер пристигнавме во Скопје, по неколку одложувања на нашите летови од Брисел до Загреб и од Загреб до Скопје. Моето име е Рубен, 19-годишен Белгиец кој наоѓа голема радост во музиката, пивото, политиката, истражувањето нови земји и нивните култури и луѓе. Пораснав покрај белгиското крајбрежје, што…

0 Comments

Call for a blended mobility in Lithuania

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 возраст) кои сакаат да учествуваат на мобилноста “Shake a leg, together!“ во Литванија. Место: Анталиепте, Литванија Датум: 23.08-29.08.2022 За проекгот: Проект за здрав и активен животен стил со цел да достигне што е можно повеќе луѓе во земјите-учесници и да ги охрабри учесниците да преземат каква било физичка…

0 Comments

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов “ESC in Regio Emilia” во Италија. Место: Реџо-Емилија, Италија Период: Септември 2022 – септември 2023 година (12 месеци) За проектот: Волонтерот ќе биде одговорен за ВЕТ студентите кои ги хостира YouNet во Реџо-Емилија. ВЕТ програмата на Еразмус+ го поддржува професионалниот развој на студенти кои работат…

0 Comments

Повик за волонтер во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов “Open Wings” во Полска. Место: Бидгошч, Полска Период: 12 месеци За проектот:  Помагање нa лица со попречености во „Работилница тераписки центар“ на Фондацијата „Виатрак“. Активно учество во наставата во градинката „У Каролка“ Помагање на институтот „Центар на католичката култура“ со информации за справување…

0 Comments

Вториот дел од незаборавното искуство. Младинска размена „No Hate Speech: Step 2“ во Љубојно.

После 10 години, Волонтерски Центар Скопје повторно е домаќин на меѓународен проект во Преспанскиот регион. Од 11 до 20 јуни годинава, во Љубојно ја организираме младинската размена за проектот: „Без говор на омраза: Чекор 2 / No Hate Speech: Step 2“, на која учествуваат над 30 учесници од Македонија, Хрватска, Словенија, Португалија, Данска и од…

0 Comments

Искуството е учител на сите нешта

Познатиот цитат на Гај Јулиј Цезар совршено ја опишува главната цел на „Еразмус+“ програмата, организациите и нејзините членови кои вредно и непрестајно се трудат да ги споделат своите искуства и познавање на одредено поле, ефективно промовирајќи ги начелните вредности кои го дефинираат нивниот карактер, нивната личност и суштината на самата програма. Како најмлад претставник на…

0 Comments

Доближување на Европа во Германија

Волонтерски центар Скопје учествуваше на ПБА „Bringing Europe Closer Together / Доближување на Европа“ што се одржуваше во периодот од 16 до 24 мај во градче блиску до градот Бремен, Остерхолц-Шармбек, Германија. Главната цел на темата беше да се научи како да се напише проект, а исто така, и создавање нови партнерства за понатамошни проекти…

0 Comments

Младинска размена „No Hate Speech“ во Данска: инспиративно искуство!

Навистина сум многу благодарна што имав можност да учествувам во младинската размена за проектот „No Hate Speech“ во рамките на програмата „Еразмус +“ што се одржа во Архус, Данска од 14 – 23 мај 2022 година, бидејќи тоа беше неверојатно искуство што ме збогати со знаење, идеи и пријателства. Како мој прв проект - не…

0 Comments

Запознајте ја Мари, нашата нова волонтерка од Германија

Здраво! Јас сум Мари, од Келн, Германија, каде го поминав најголемиот дел од детството и младоста. Иако мојот престој во ВЦС и Македонија не е прв долгорочен во странство, сепак, е највозбудливиот. Кога имав 15 години, имав можност да престојувам во училишниот интернат близу Лондон и освен тоа, сите останати меѓународни искуства ми се сведуваат…

0 Comments

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (18+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обуката за проектот “Peers for Inclusion“ во Романија. Место: Арад, Романија Датум: 10.6-17.6.2022 За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor За проектот: За време на обуката, младинските работници ќе научат како да ги подобрат активностите што…

0 Comments

Добредојде Анџи, нашата нова волонтерка од Германија

Здраво! Јас сум Анџелина, имам 19 години и доаѓам од Констанца, Германија. Минатото лето откако завршив средно училиште, добив случајна шанса да го откријам целиот свет преку проектите од програмата „Еразмус+“. На мојата прва младинска размена запознав прекрасни луѓе од Македонија, кои ме натераа да ја истражам малку нивната земја. Неколку коинциденции подоцна, се најдов…

0 Comments

Волонтерска недела во Домот на култура во Кисела Вода

Во следните седум дена, Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, Скопје ќе заживее во вистинска смисла на зборот и ќе заличи на она во што треба да прерасне – Младински Центар. Во периодот од 6 до 13 мај годинава, Волонтерски Центар Скопје во соработка со Општина Кисела Вода ќе го спроведе семинарот за…

0 Comments

Повик за младинска размена во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18 – 30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија за учество во младинската размена „Marriage of Cultures“ во Португалија. Место: Мацеира, Португалија Датум: 13.6.2022 – 20.6.2022 За проектот: „Венчавка на култури“ е наменет за млади луѓе и младински лидери кои се заинтересирани да научат повеќе…

0 Comments

Работилници со основците: Нови волонтери на повидок

Да, предизвикувачки беше и за нас повторно да се вклучиме во акциите во „живо“ и да се сретнеме со нашите драги пријатели – учениците после двегодишниот „локдаун“. Да излеземе пред деца што се на најчувствителна возраст (13 и 14 години) за да им го претставиме волонтерството, зошто е важно да бидат активни, да ги запознаеме…

0 Comments

„Театарски Алатки За Драматични Ситуации“: обука во Романиа

Оваа година се навршија две години откако влеговме во нова реалност, нов свет исполнет со маски и тестови, свет на кој моравме да се приспособиме. Сепак, ова не спречи група од 34 луѓе да се соберат и да направат проект од „Еразмус+“ – програмата под името: „Театарски алатки за драматични ситуации“. Проектот се одржа од…

0 Comments

Повик за волонтер во Германија !

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18–30 години) од Македонија за учество во долгорочниот ЕСК–проект “Let's go Cologne” во Келн, Германија. Волонтерот треба да го зборува германскиот јазик на комуникациско ниво. Место: Келн, Германија Период: 1 септември 2022 – 1 септември 2023 !! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19” !! За…

0 Comments

Годишен извештај 2021

Минавме уште една година во ВЦС, па време е да сумираме што е направено, што постигнавме и што има ново. По избувнувањето на пандемијата во 2020 година, светот повторно почна подинамично да се движи, носејќи ни голем број проекти, патувања и состаноци. Од виртуелно се вративме на физички, земајќи ги предвид сите безбедносни мерки кои…

0 Comments