You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

  • Post published:

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов “ESC in Regio Emilia” во Италија.

Место: Реџо-Емилија, Италија
Период:
 Септември 2022 – септември 2023 година (12 месеци)

За проектот:
Волонтерот ќе биде одговорен за ВЕТ студентите кои ги хостира YouNet во Реџо-Емилија. ВЕТ програмата на Еразмус+ го поддржува професионалниот развој на студенти кои работат во Стручното образование и обука преку практична обука во странство.

Активностите вклучуваат:

  • Пријавување и одјава и пречек на студентите кои доаѓаат
  • Улога на ментор на студентите
  • Повремено држење часови по англиски (или италијански) на студентите
  • Придружба за време на првите денови на обука во соодветните компании
  • Организација и спроведување на обуки и културни посети
  • Придружба на студентите на културни посети во други италијански градови
  • Помош во административни работи околу мобилностите на Еразмус+

Повеќе информации:  ТУКА
Проект партнер: YouNet Reggio-Emilia

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 14.07.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.