You are currently viewing Повик за младинска размена во Франција!

Повик за младинска размена во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-26 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „Real Facts Matter!“ во Сен-Жорж-д’Олерон, Франција.

Место: Сен-Жорж-д’Олерон, Франција

Датум: 3.10 – 11.10.2022 

За проектот:
Во денешно време живееме во медиумски свет полн со нови технологии, каде луѓето, особено младите, се „хранат“ со медиумски пораки што влијаат на нивните ставови и однесувања на многу различни начини. Во текот на животот, младите учат како да ги користат овие технологии за решавање на прашања што ги засегаат. Медиумската и информациската писменост – способноста за пристап, анализа и обработка на информации создадени и дистрибуирани од различни видови медиуми, станува се повеќе и повеќе суштинска и витална граѓанска вештина во денешното модерно демократско општество.

 

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 

Партнер на проектот:  Association la Génération de Demain

 Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

 

Краен рок за аплицирање: 09.08.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.