You are currently viewing Вториот дел од незаборавното искуство. Младинска размена „No Hate Speech: Step 2“ во Љубојно.

Вториот дел од незаборавното искуство. Младинска размена „No Hate Speech: Step 2“ во Љубојно.

После 10 години, Волонтерски Центар Скопје повторно е домаќин на меѓународен проект во Преспанскиот регион.

Од 11 до 20 јуни годинава, во Љубојно ја организираме младинската размена за проектот: „Без говор на омраза: Чекор 2 / No Hate Speech: Step 2“, на која учествуваат над 30 учесници од Македонија, Хрватска, Словенија, Португалија, Данска и од Летонија.

Целта на проектот е да ги поттикне младите луѓе да се занимаваат со говорот на омраза на интернет и офлајн и да ги зголемат своите компетенции при користење алатки засновани на медиумите и театарот за борба против говорот на омраза. Младинска размена е втора активност од овој проект. Првата се одржа минатиот месец во Данска во мај, а Волонтерски Центар Скопје имаше 6 претставници.

Поддршката и унапредувањето на руралниот развој, локалната заедница и особено за младите луѓе кои живеат таму, се исклучително важни за нас. На денешен пред 10 години, го завршивме првиот меѓународен проект во Преспа – “Say Yes to rural development”, а потоа следуваа уште три. Се надеваме дека успеавме на младите од руралните средини да им ги претставиме од блиску важноста од волонтирањето и да им дадеме шанса самите да станат дел од нашите домашни и меѓународни проекти.

Благодарност до Општина Ресен, како и до ОУ „Димитар Влахов“ во Љубојно, кои ја препознаа важноста на овој меѓународен проект за Преспанскиот регион и се секогаш достапни за нашиот тим.

Но, тука не крајот на добрите вести!

Имено, на 19 јуни (недела) – Љубојно ќе стане центар на културата. На главната сцена во прекрасното село ќе се забавуваме со локални бендови, како и “Sound Waves“ од Битола, а Кирил Гочевски ќе приреди уште едно незаборавно жонглерско шоу.

Се гледаме таму!