You are currently viewing Годишен извештај 2021

Годишен извештај 2021

Минавме уште една година во ВЦС, па време е да сумираме што е направено, што постигнавме и што има ново. По избувнувањето на пандемијата во 2020 година, светот повторно почна подинамично да се движи, носејќи ни голем број проекти, патувања и состаноци. Од виртуелно се вративме на физички, земајќи ги предвид сите безбедносни мерки кои сè уште постојат. Она што беше откажано и одложено во 2020 година, беше преместено лани, така што можеме да кажеме дека бевме многу зафатени, но среќни што можеме повторно да направиме толку многу. Продолживме да бидеме фокусирани на работа и на взаемна соработка со луѓето и организациите ширум Европа, промовирајќи ја идејата за волонтерство и обезбедувајќи можности за сите. Нашата организација официјално наполни 15 години и секоја ситница што ја постигнавме беше како мала прослава на јубилејот. Благодарни сме на сите наши партнери и волонтери што беа дел од успешното патување низ оваа исклучителна година за нас.

Сега ви го нудиме Годишниот извештај за 2021 година, каде што со бројки, слики и зборови можете да видите како ВЦС си помина во неа!

Преземете PDF | Погледнете во ISSUU