You are currently viewing „Театарски Алатки За Драматични Ситуации“: обука во Романиа

„Театарски Алатки За Драматични Ситуации“: обука во Романиа

Оваа година се навршија две години откако влеговме во нова реалност, нов свет исполнет со маски и тестови, свет на кој моравме да се приспособиме. Сепак, ова не спречи група од 34 луѓе да се соберат и да направат проект од „Еразмус+“ – програмата под името: „Театарски алатки за драматични ситуации“. Проектот се одржа од 02.02.2022 до 10.02.2022 година во прекрасното село Сарата Монтеору во Романија. Во проектот учествуваа 34 млади од 17 различни земји, меѓу кои дваја претставници на Волонтерски Центар Скопје. Организација  домаќин беше FPT Buzau од Романија.

Главната цел на проектот беше професионална активност на младинските работници во Европа во едукација на младите луѓе и граѓанското општество за подобра социјална интеграција на мигрантите. Други цели вклучуваат едукација на учесниците за подигање на свеста за важноста на културната различност, еднаквите можности и дебата  за против-омраза во развојот на нивниот капацитет за социјална интеграција на мигрантите во заедницата. Подобрување на квалитетот и ефикасноста на работата преку асимилирање за една недела на неформални креативни алатки засновани на драмска уметност и нивна примена во следните 6 месеци во идентификување решенија за ситуации на културна дискриминација на мигрантите. Имавме 5 воведно-тематски сесии врз основа на фазата на подготовка и документација и 6 ДРАМА работилници поделена на 3 подсесии: форум театар, играње улоги и LARP, кои подоцна ги претставивме на сцената во Бузау.

Мојот прв впечаток, уште пред официјално да започне проектот, во најмала рака е П-Р-Е-З-А-Д-О-В-О-Л-Е-Н. Нивото на комуникација од страна на организаторите, нашата испраќачка организација ВЦС ( Горан ) и организацијата домаќин FPT Buzau (Толеа) беше на највисоко професионално ниво. Се погрижија сè да помине во најдобар ред. Местото, Casa cu Tei, исто така ги исполни сите очекувања. Од одличен работен простор до соби, услуга, чистота, храна и персонал. Второто место, Хотел Спорт Б90, беше одличен домаќин за нашите последни 2 дена и последната фаза. Активностите ги водеа искусните Лига Силина, Адам Милевски, Богдан Чиријаческу и Толеа Постовеи. Имав задоволство да работам со сите нив.

Учењето преку театар беше ново искуство и би рекол дека ја зголеми мојата самодоверба, ги подобри моите  социјалните вештини и вештини за говорење во јавност, моето познавање на англискиот јазик и знаењето за социјална работа. Запознав многу прекрасни луѓе, луѓе со кои ќе одржувам контакт и луѓе со кои ќе работам и во иднина!

Мартин Митев