You are currently viewing Доближување на Европа во Германија

Доближување на Европа во Германија

Волонтерски центар Скопје учествуваше на ПБА „Bringing Europe Closer Together / Доближување на Европа“ што се одржуваше во периодот од 16 до 24 мај во градче блиску до градот Бремен, Остерхолц-Шармбек, Германија. Главната цел на темата беше да се научи како да се напише проект, а исто така, и создавање нови партнерства за понатамошни проекти со другите 11 организации кои учествуваат во проектот.

Покрај тоа, сите имаа можност да се запознаат и да истражуваат други земји и култури, а некои беа од прекуокеанските европски територии. Секој учесник имаше шанса да ги забележи разликите и сличностите меѓу нашите култури. Проектот започна со различните можности како да ги научиме имињата на учесниците преку играње разни игри, да ги запознаеме нашите домаќини, ни беа објаснети правилата и ни беше дадена шанса да измислиме свои. Активностите како што се добро градење тимови и претставување на невладините организации кои учествуваат во проектите беа следниот ден. Следните неколку дена бевме поделени во неколку групи во кои имавме шанса да започнеме со пишување на нашите следни можни проекти за да ја достигнеме главната цел на ПБА. Можеме да кажеме дека во тој временски период ги постигнавме и ги остваривме сите претходно планирани цели.

Покрај работните часови кои ги поминавме пишувајќи и развивајќи проекти, имавме можност да видиме и неколку прекрасни места што го одземаат здивот во градот Бремен, кој е најблиску до Остерхолц. Убаво беше патувањето во Бремен, каде имавме можност да истражиме малку повеќе за германската култура и да видиме многу луѓе, што беше нешто непознато за нас, учесниците на проектот, бидејќи нашето место беше исклучено од светот, во најубавите полиња на градот Остерхолц-Шармбек. Бевме собрани во најубавата куќа на светот, за која организаторите велеа дека штом отидете таму еднаш, КултурХаус станува ваша куќа засекогаш. Затоа, останете со нас за сите понатамошни проекти и можеби ќе ја имате следната шанса да имате исто искуство, како што имаа нашите претставници Давид, Ева и Сара.

Давид Стоилковски