You are currently viewing Повик за младинска размена во Португалија!

Повик за младинска размена во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18 – 30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија за учество во младинската размена „Marriage of Cultures“ во Португалија.

Место: Мацеира, Португалија
Датум:
13.6.2022 – 20.6.2022

За проектот: „Венчавка на култури“ е наменет за млади луѓе и младински лидери кои се заинтересирани да научат повеќе за различните традиции и културни разлики во Европа. Ова е за оние кои се спремни да бидат активни иницијатори во напорите за зачувување и развој на мултикултурниот лик на Европа и да ги кршат стереотипите и предрасудите во своите локални заедници.\

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Associaçao de Promoçao Social, Recreativa, Desportiva e Humanitária de Maceira

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 360 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Marriage of Cultures “)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 08.05.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.