нашата приказна

Пред 18 години едно момче отиде за Литванија...

…и така се роди Волонтерски Центар Скопје. После една година волонтирање на ЕВС-проект во Литванија, 19-годишниот Никола Станкоски се врати во Македонија, исполнет со сон и надеж за иднината на младината. И не се врати со празни раце. Донесе мало семе со идеја да се овозможат локални и интернационални искуства, живеејќи според принципот: „Учење преку пракса”. Тоа мало семе на себе имаше напишано: ‘ВЦС’.  Така настанавме ние – невладина организација за млади или со полно име: Здружение за волонтеризам Волонтерски Центар Скопје..

Во првата година, пречекавме 10 волонтери и испративме 30 волонтери од Македонија во странство. Денес, ние сме една од водечките невладини организации во Македонија кога станува збор за давање можности на младите луѓе преку локално и интернационално волонтирање и активизам, односно и инвестирање во сопствените капацитети преку неформална едукација. Ние сме препознатлив бренд низ кој имаат поминато преку 9000 млади од Македонија, волонтери од странство и млади активисти.

години градење капацитет на младите луѓе
0
олонтери, активисти и пријатели минаа низ нашиот дом
0
влијанија во правниот аспект
0

2 закони за волонтирање и младина
3 национални младински стратегии
6 локални младински стратегии

НАШИОТ ТИМ

Никола Станкоски

Директор

Андреј Наумовски

Проект менаџер

Горан Адамовски

Оперативен Mенаџер и уредник на ВОИСЕС

Горан Галабов

Координатор на ESC & VET

Евелина Хањска

Координатор за социјални медиуми

Јоланта Чиопчињска

Програмски Координатор

Зошто го правиме ова?

Нашата главна цел како организација е да овозможиме неформални едукативни можности за младите луѓе во различни полиња, локално и интернационално. Волонтирањето е голема и многу важна идеја промовирана од наша страна, поврзувајќи ги младите без разлика на нивната националност, религија, пол, политички, економски или социјален статус. Се стремиме да придонесеме за мултикултурно општество, да ги зајакнеме постоечките демократски структури, да поддржуваме млади луѓе кои ги развиваат своите индивидуални способности и вештини и да присвоиме поблиска соработка меѓу младите.

Младите луѓе во Македонија се на приоритетната листа – сакаме тие да напредуваат, да излезат од апатијата која ја чувствуваат, да одат во странство, да го зајакнат чувството на припадност, да се вратат и да почнат да ги менуваат работите околу нив. Или, доколку сакаат да им биде слушнат гласот, ги охрабруваме сите млади низ цел свет да пишат во магазинот ВОИСЕС – наш проект кој постои од 2006 година и платформа преку која младите луѓе може да се изразуваат. Заинтересиран/а си? Види како можеш да ни се приклучиш!

Од друга страна пак, повеќе од 180 млади волонтери од Европа и активисти поминале низ нашата организација преку најразличните програми на Европската Комисија. Тие одлучиле да дојдат во Македонија за да си ги зајакнат капацитетите, вештините и знаењето, но исто така, и да помогнат при градење на посилно и поздраво општество преку волонтирање и рушење на стереотипи и предрасуди. Погледни како можеш да дојдеш во Македонија за искуство кое ќе ти го промени животот!

Имаме активно учество во општеството преку нудење на еднакви можности за младите преку кои ќе си ги унапредат стандардите за живеење. Преку Европски средства, обезбедуваме информации и можности во врска со волонтирање и неформално образование, и локално и интернационално. Со овие можности и програми, сакаме да ги вклучиме и да ги охрабриме младите луѓе да се вклучат во процесот на донесување на одлуки. Ние сме акредитирана организација за испраќање и примање ЕСК (ESC) – волонтери, референтен број EVS: 2014-1-MK01-KA110-000293 

интернационални волонтери примени во Македонија
0
волонтери од Македонија пратени на волонтирање надвор од државата
0
учесници вклучени во 60 национални проекти
0
учесници вклучени во 120 меѓународни проекти
0

„ВЦС им овозможува на волонтерите гласот на луѓето да го преточат во акција.“

Лусил, ЕСК-волонтер од Франција

Зошто имаме страст за младински активизам и волонтерство?

„Волонтерите не се платени – не бидејќи не вредат, туку бидејќи се бесценети…” е мотото кое го живееме секој ден. И кажуваме дека сме (како) фамилија, бидејќи иако сме луѓе од најразлични националности, со различни гледишта на животот, различни идеологии и секако, различни карактери, сите сме предводени од истата мисла: како да се сменат работите околу нас и да станат подобри.

И тоа не значи дека се залагаме за утопија само поради тоа што сакаме да направиме нешто што може да биде осудено на неуспех. Промените се случуваат бавно. Доволно е да се започне со чистење на ѓубрето оставено пред зграда, да се даде топол оброк на гладно дете на улица, да се помогне младите луѓе да одберат професија што ќе ја сакаат, да се биде дел од настани и работилници кои ќе влијаат на возрасните, да се слушне гласот и потребите на младите, да се мотивираат што е можно повеќе активисти за да се излезе од апатијата и да се биде корисен за животната средина и општеството…И ние го правиме тоа – не чекаме промените сами да се случат, туку ние ги правиме промените.

Дури и индивидуален развиток може да има големо влијание на општеството, и тоа е причина зошто млади луѓе од Македонија и од странство одлучуваат да волонтираат во некоја друга држава. Добиваат шанса да го видат светот од друг агол. Агол отстранет од сопствената „комфор-зона“, а тоа за возврат им дава неописливо чувство – чувство на правење нешто добро, на давање без да се очекува нешто за возврат. Давање нешто на себеси и на тие околу тебе. И најмногу, се дава на оние кои воопшто не ги ни познаваш и кои нема воопшто да ги видиш. Е па на тоа чувство не можеш да му ставиш цена, така?

Волонтерски приказни

Откриј ги личните стории на меѓународните волонтери

Нашите волонтери

Тие го прифатија предизвикот и дојдоа да волонтираат во Македонија. Некои од нив на неколку месеци, повеќето на цела година. Луди? Прочитајте ги нивните лични профили преку кликање на фотографијата.

Фиона Шуман

Германија

Аугустин Магод

Франција

Јакуб Покучињски

Полска

Омер Чакмак

Турција

Ахмет Јигит Бирџан

Турција

Меншуре Зејнеп Кочак

Турција

Емре Геркем Болат

Турција

Нашите практиканти по COO

Стекнување практични вештини во нашата канцеларија? Да..! Можно е!Љубопитни сте да дознаете повеќе за нивните искуства? Погледнете ги нивните лични профили со кликнување на нивните фотографии.

Зои Марилие

Франција

Врати се во времето

Прелистајте низ нашата историја на годишни извештаи!