You are currently viewing Повик за волонтер во Германија !

Повик за волонтер во Германија !

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18–30 години) од Македонија за учество во долгорочниот ЕСК–проект “Let’s go Cologne” во Келн, Германија.

Волонтерот треба да го зборува германскиот јазик на комуникациско ниво.

Место: Келн, Германија
Период: 1 септември 2022 – 1 септември 2023

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19” !!

За проектот:
Волонтерскиот Центар во Келн е локална координативна организација што координира неколку проекти за хостирање во Келн/Германија.

За повеќе информации: https://www.koeln-freiwillig.de/international-volunteers/
Проектен партнер: The Cologne Volunteer Center

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “Let’s go Cologne, Германија)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 10.04.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.