Довидување 2021, добредојде 2022: Волонтерството е во секој од нас

Кога ги планиравме активностите низ месецов (декември) со кои ќе го одбележиме „5 Декември - Меѓународниот ден на волонтерите“ и ќе го прославиме нашиот 15. роденден – целта ни беше да ја претставиме идејата за волонтерството како блиска до секој од нас. И зошто секој од нас треба барем понекогаш да биде волонтер. Па, испланиравме…

0 Comments

Со волонтирањето го менуваме својот живот и заедничкото општество

Петнаесетгодишниот јубилеј на Волонтерски Центар Скопје беше одличен повод да организираме панел-дискусија за да го промовираме волонтерскиот дух, но и да укажеме на аномалиите во процесот, законските рамки и потребната поддршка од локалните и државните институции. Како место на настанот го одбравме седиштето на Делегацијата на ЕУ во Македонија, односно „Europe house/Европска куќа“, бидејќи европските…

0 Comments

Денот што треба да го живееме цела година

Ви текнува на оној момент кога сте го исполниле тоа што сте го посакале? Па, дури и повеќе? Она чувство кое ти дава спокој и радост, па си велиш вака мора да биде постојано? Е тоа го доживеавме на 5 декември 2021. Меѓународниот ден на волонтерите и нашиот 15. роденден ги претворивме во успешна работна…

0 Comments

Меѓународен ден на волонтерите 2021 | Волонтирај сега за подобра заедничка иднина

Драги наши партнери, волонтери, пријатели, соработници... Декември е месецот што означува крај на годината, но за нас е почеток на активностите со кои го промовираме волонтерството, придобивките и можностите што ги нуди(ме). А, во декември го славиме нашиот роденден, па ред е да го одбележиме како што доликува. Во недела (5 декември) е Меѓународниот ден…

0 Comments

Трчањето ќе ве промени: Скопски Маратон

Сончево време, духот на пријателското ривалство, мотивирани трчачи и уникатен забавен амбиент - 3ти октомври беше Маратонски ден во Скопје. Оваа недела централните улици на главниот град беа затворени за годишниот спортски настан. За неколку часа, атлетичари од Македонија, но исто и од другите делови на светот дојдоа да трчаат 5, 21 или 42 километри.…

0 Comments

Learning by speaking – German Classes in the city park

Конверзациските часовите по германски водени од нашите волонтери Крис и Клариса продолжуваат! Оваа среда навечер вежбавме германски во Градскиот Парк со учесници од Македонија, Германија, Велика Британија, Полска и Турција. Игравме некои комуникациски игри, се запознавме со нашиот најнов учесник и уживавме во уште еден летен ден. Сакате да ни се придружите? Вторник, 27.07 во…

0 Comments

Лето, сонце и часови по германски во градскиот парк

  Во среда навечер, германските волонтери Крис и Клариса од ВЦС го организираа нивниот прв разговорен час по германски јазик лице в лице! На еден од најтоплите денови во Скопје оваа година, учесниците од Македонија, Германија, Полска, Италија, Азербејџан и Ерменија се собраа во Градскиот парк. Со студена вода и сладолед тие ја преживеаја топлината…

0 Comments

“Sprechen Sie Deutsch?” – German Conversation Classes at VCS

Волонтерите од Германија што се дел од семејството на Волонтерски Центар Скопје организираат онлајн неделни часови по германски јазик. Ве покануваме да се придружите! „Здраво! Ние сме Крис и Клариса - волонтери во ВЦС. Кога дојдовме во Македонија, бевме изненадени од големиот интерес за германскиот јазик. Дел од нашата работа е креирање работилници. Бидејќи видовме интерес…

0 Comments

Closed embraces, open hearts – donations for Shutka.

Во овие тешки времиња, кога прегратките ни станаа луксуз - срцата, сепак, ни се отворени. Волонтерски Центар Скопје го поддржа Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари со храна и со облека. Донации што беа дочекани со отворени раце и што им ги разубави деновите на многу деца. Шарената внатрешност на центарот, обично…

0 Comments

Истражување за очекувањата на младите – Анкетен прашалник

Со Законот на младинско учество и младински политики се постави некоја основна рамка за тоа кои се млади луѓе, кои се организациите кои работат со млади луѓе и, секако, кои се луѓето кои работат со тие млади. Како исклучителен дел се постави и воспоставувањето на младинските центри, по барем еден во секоја општина, а законот…

0 Comments