You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (18+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обуката за проектот “Peers for Inclusion“ во Романија.

Место: Арад, Романија
Датум: 10.617.6.2022

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor

За проектот:
За време на обуката, младинските работници ќе научат како да ги подобрат активностите што ги практикуваат нивните здруженија за во нив да можат да учествуваат и лицата со попреченост. Тие ќе научат што треба да имаат предвид кога работат со лица со попреченост (особено со оштетен вид), како да дејствуваат како водичи, како да подготват достапни работни материјали и многу повеќе.

Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Peers for Inclusion“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 03.06.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.