Добредојде повторно, Ерен!

Навистина ми е задоволство да се вратам повторно во овој град, во кој веќе бев претходно и да волонтирам во ВЦС повторно. На претходниот проект тука бев 6 недели, а сега ќе останам 3 месеца. Сосема сум сигурен дека овој град, кој ќе престојувам повторно, ќе ми остави добри впечатоци. Да се претставам себе си…

0 Comments

Повик за волонтер во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Moving forward“ во Полска. Место: Бидгошч, Полска Период: (12 месеци) март 2024 – март 2025 За проектот: Волонтерот може да работи во канцеларија за меѓународни работи, „Europe direct”, библиотека, студио за дизајн, игротека, клуб за стари лица, музеј на фотографија. Опишаните активности имаат за…

0 Comments

Воисес јануари 2024

Добредојдовте во јануари и во Новата година! Името за првиот месец од годината потекнува од римскиот бог Јанус. Тој е Бог на сите почетоци и краеви, врати, транзиции и на времето. Со своите две лица, тој истовремено гледа во иднината и во минатото. На почетокот од Новата година, честопати се наоѓаме себеси како поставуваме решенија…

0 Comments

Добредојде Хакан!

Здраво! Се викам Хакан и сум 20-годишен истанбулчанец. Јас сум апсолвент, кој студира политички науки и меѓународни односи. Имајќи предвид дека моето дипломирање е веднаш „зад аголот“, сфатив дека додека се фокусирав на часовите, не придонесов доволно за мојата заедница и не бев активен член на општеството. Поради тоа, сметав дека патувањето како ова во…

0 Comments

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект “Volunteering opportunities” во Литванија. Место: Вилнус и Тракај, Литванија Период: (12 месеци) јануари 2024 – јануари 2025 / март 2024 - март 2025 За проектот: Проектот нуди волонтерски можности за неколку организации-домаќини (hosting) – различни организации имаат различни одговорности и активности. Преку неформалната едукација…

0 Comments

SOUP sharing

Дали би сакале по една „Чорба“ со нас? Во изминатите две години имавме задоволство да бидеме дел од еден извонреден проект: „Soup sharing“. Разменувавме мислења со партнерите, инспириравме промена во заедницата и јадевме превкусна чорба. Сега дојде време да одиме понатаму. Со цел да ве поведеме низ концептот на „SOUP“ и да ве инспирираме да…

0 Comments

На проект преку Атлантикот – да, можно е!

Во оваа статија ќе се обидам да ви доловам како го поминувам времето на краткорочниот проект преку програмата Европскиот солидарен корпус, кој, за среќа, ме донесе на многу необична дестинација преку Атлантикот - мала островска земја на 9000 километри од дома, позната како Аруба. Во исто време, таа, всушност, стана мој нов дом, а сето…

0 Comments

Запознајте ја Виждан од Франција!

Јас сум Виждан, но блиските ме викаат Виж. Имам 26 години и доаѓам од западниот брег на Франција. Моето потекло е од Мароко и од Алжир. Сакам уметност, музика и сакам да мислам дека сум многу креативна личност. Според мојата магистерска диплома, јас сум експерт за дигитална стратегија и производство. Порано работев во голема фирма,…

0 Comments

Повик за младинска размена во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Introvision“ во Полска. Место: Поронин, Полска Датум: 20.01 – 30.01.2024 За проектот: Проектот има за цел да ги подобри комуникациските вештини на младите луѓе, да одговори на зголемената потреба за…

0 Comments

Добредојде Чала од Турција!

Здраво! Јас се викам Чала. Тоа значи зелен бадем; мајка ми го избра ова име за да бидам секогаш свежа и енергична кога ќе започнувам нови работи. Тоа го чувам секој пат во мојот ум, се трудам да го задржам мојот живот - свеж, да ги отстранам работите што не се добри и да создадам…

0 Comments

Добредојде Батухан од Турција!

Здраво дечки! Моето име е Батухан Еге, ама можете да ме викате Бату. Имам 27 години. Доаѓам од Измир, на западната страна од Турција. Дипломирав во 2021 година. Ова сега е мое прво искуство во странство, но не и прво волонтерско искуство. Претходно, работев во ИТ-оддел и слични области. Роден сум и израснат во Турција,…

0 Comments

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Social Media and Content Creation at NaturKultur“ во Германија. Место: Бремен, Германија Период: 1.03.2024 – 28.02.2025 За проектот: Истражете ги можностите за волонтирање преку NaturKultur! Можете да се придружите на забавен и креативен тим со фокус на меѓународна младинска работа. NaturKultur нуди две возбудливи позиции: Создавање…

0 Comments

Уште еден волонтер од Истанбул – добредојде Мухамед!

Здраво! Јас сум Мухамед Ерсан. Роден сум во Истанбул, Турција. Дипломирав на Факултетот за политички науки при истанбулскиот универзитет. Верувам дека волонтерството е одговорност на секоја личност кон општеството. Затоа, сакав да искусам нова волонтерска активност. Да се биде волонтер во ВЦС во наредните два месеци е одлична можност за мене да се развивам, да…

0 Comments

Од Истанбул до Скопје – мерхаба, Чансу!

Мерхаба! Јас сум Чансу Чомерт од Истанбул, Турција. Истанбул е најпознатиот град во Турција и е преполн со големи згради и луѓе кои брзаат некаде, што му дава хаотична убавина. Следните два месеци ќе работам во ВЦС во Македонија со многу неверојатни луѓе. Студирам психологија и ми остануваат уште две години до дипломирањето. Сакам се…

0 Comments

„Мисли зелено“ за да го избегнеш „Кошмарот“

Ученици од средното техничко училиште „Гостивар“, на свој терен дома го применија она што го научија од обуките во Грција. Две групи ученици од училиштето, како претставници на Волонтерски Центар Скопје, учествуваа на две обуки посветени на климатските промени преку проекти од програмата „Еразмус+“. Седум ученици беа дел од обуката во рамките на проектот „Think…

0 Comments

Повик за обука во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Training of Youth Workers: Into the Future” во Германија. Место: Остерхолц-Шармбек, Германија Датум: 12.12 – 18.12.2023 За проектот: Проектот има за цел да обезбеди простор за истражување на предизвиците, подобрување на работните компетенции на младинските работници и создавање долготрајни партнерства.…

0 Comments

Повик за волонтери во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Tittle - Tattle” во Унгарија. Место: Нагиважони, Унгарија Датум: 21.11.2023 – 14.12.2023 За проектот: Во текот на проектот, волонтерите ќе работат со четири различни теми: 1. Работилници со деца. 2. Учење за новата култура. 3. Сликање и пеење. 4. Комуникација…

0 Comments

Од пиксели до профит: Чекори до монетизација на дигиталната уметност

Што е потребно за да се стане дигитален уметник и како да се заработи од тоа? Одговорите се тука! Со гордост ви ја претставуваме брошурата „Од пиксели до профит: Чекори до монетизација на дигиталната уметност“, подготвена во рамките на проектот DALI 4 YOUTH преку програмата Еразмус+, а имплементиран од Ici & Ailleurs од островот Реунион,…

0 Comments

“Act it Out!” во Унгарија

Од 24 септември до 3 октомври годинава, вкупно 5 младински работници, претставувајќи го Волонтерски Центар Скопје беа сведоци и активни учесници на обука "Act it Out!" во Дебрецен, Унгарија. Целта на проектот е да стекне ново знаење за Image и Forum theater. Секојдневно опкружени со позитивна енергија, работната атмосфера беше одлична. Добрата подготвеност на организаторите…

0 Comments

Повик за волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering at the German Dance Film Institute“ во Германија. Место: Бремен, Германија Период: 13.05.2024 – 13.05.2025 За проектот: Дали сте страсни за танцот? Можеби и за филмот? Овој волонтерски проект ги комбинира овие две теми! Можете да се придружите на тимот во…

0 Comments