Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „VIVEKAS: Youth participation through sports from an inclusive perspective“ во Шпанија.
Место: Ваљадолид, Шпанија
Датум: 15.07 – 23.07.2026
За проектот:
Проектот се фокусира на подобрување на ставовите кон различноста во европската младинска заедница преку користење на спортот и физичката активност како алатка за активно вклучување.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: ASPAYM Castilla y León
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 395 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 7.06.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
