Волонтерски Центар Скопје бара 10 учесници (13-18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Local Roots, European Futures“ во Македонија.
Место: Струга, Македонија
Датум: 5.08 – 14.08.2026
За проектот:
Оваа активност претставува билатерална младинска размена меѓу Македонија и Франција. Таа отвора можност за соработка преку споделување културни вредности, начин на живот и уметнички израз меѓу младите луѓе од двете земји за нивно подобро вклучување во општеството.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: Ville de Roubaix
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 28.07.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
