Годишен извештај 2025

2025 година… Каква година! Волонтерски Центар Скопјe беше дел од редовни активности и настани на кои секогаш со задоволство се приклучувавме (Ви благодариме што нè поканивте!). Организиравме толку многу работилници, настани и акции што не можеме да ги изброиме на прстите од сите членови на нашиот тим. Ги испраќавме нашите волонтери во странство, бевме домаќини…

0 Comments

Uniartcity – спој на самошколување, уметност и живот во заедница

Се прашуваш што е Uniartcity? Во суштина, група на млади луѓе се имаат собрано со заедничка одлука и визија да креаираат свој простор каде што ќе можат сами да ги одберат своите предмети за престојниот семестар. Фокусот се става на градење самодисциплина и правилно организирање на своето време за да можеш да учиш, правиш, градиш…

0 Comments

Добредојде за Адриен од Франција!

Здраво, јас сум Адриен, имам 22 години и доаѓам од Сен Тропе, на југот на Франција. Две години студирав графички дизајн и дипломирав во декември минатата година. Потоа одеднаш сфатив: сакам да одам во странство. Во јануари, го реализирав мојот прв двомесечен волонтерски стаж и тоа во Петриња, Хрватска, каде им помагав на лицата со…

0 Comments

Биди отворен за волонтирање

Топло-ладни поздрави од Драган кој е во Гдањск, Полска, каде пролетта веќе кажа „здраво“, но зимата не се откажува толку лесно! Драган започна да волонтира во канцеларијата на RCWG пред околу два месеци. Освен канцелариската работа, тој е вклучен во различни активности. Двапати месечно посетува училиште и младински клуб. „Мојата главна цел е да ги…

0 Comments

Добредојде за Мехмет од Турција!

Здраво, Јас сум Мехмет, имам 24 години и доаѓам од Турција. Дипломирав авионско инженерство, а потоа почнав да работам во одбранбената индустрија. Додека работев, во еден момент посакав да го сменам животот и да одам во странство, па затоа дадов отказ. Јас сум љубопитен човек и сакам да запознавам различни земји и култури. Исто така,…

0 Comments

Добредојде за Берна од Турција!

Здраво, јас сум Берна од Турција. Имам 23 години и живеам во Истанбул, но неодамна почувствував дека ми треба промена, нови места и поинаква атмосфера. Затоа и дојдов во Македонија. Отсекогаш сум била некој што ги забележува малите нешта, како што е атмосферата на улица или чувството за припадност. Уживам во истражување на различни култури…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Каролина од Полска!
Karolina, Poland

Добредојде за Каролина од Полска!

Здраво, моето име е Карола и во Скопје дојдов од главниот град на полската песна - Ополе. Тукушто дипломирав Европска дипломатија, а магистрирав меѓународно и европско право. Пред официјално да го затворам „детското“ поглавје од мојот живот, сакав да направам нешто важно и да доживеам нешто ново. Така решив да се приклучам на волонтерската ЕСК-авантура.…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Пјотр од Полска!
Piotr, Poland

Добредојде за Пјотр од Полска!

Здраво, се викам Пјотр и доаѓам од Ополе, Полска. Ги завршив магистерските студии по економија. Сега го истражувам мојот возрасен живот. Мислам дека е совршено време за волонтирање. Пред да дојде време за работа, деца и хипотека. Обожавам да истражувам нови земји и култури. Се надевам дека мојата посета на Македонија и патувањата во соседните…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Жанета од Словачка!
Žaneta, Slovakia

Добредојде за Жанета од Словачка!

Здраво на сите! Јас сум Жанета и доаѓам од мало село во Словачка. Уште од дете сонував да истражувам нови земји и да откривам различни култури, а таа љубопитност е сè уште голем дел од мене. Би рекла дека моето патување за истражување на светот започна со една младинска размена во едно село во странство.…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Пол од Франција!
Paul, France

Добредојде за Пол од Франција!

Здраво! Јас сум Пол, од Франција сум и штотуку наполнив осумнаесет години во септември! Откако завршив средно училиште, бев целосно изгубен во врска со тоа што сакам да правам наредно и што сакам да студирам. Живеев во мал град, па постојано се гледав со истите луѓе. Очигледно ми требаше свеж воздух, ми требаше да запознаам…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Каролина од Франција!
Carolina, France

Добредојде за Каролина од Франција!

Здраво! Јас сум Каролина, 21-годишна девојка со француско-бразилско потекло, која живее во Париз. По завшрувањето на студиите по историја и историја на уметност, сакав да откријам различни делови од светот и луѓе со различни позадини. Земањето пауза од една година и волонтирањето ми се чинеа како одлична можност за тоа! Само што стапнав на македонска…

0 Comments

Повеќе од оброк: Готвење на Еразмус+

На почетокот на декември, шест млади луѓе од Македонија, облечени во дебели зимски палта и со список од своите омилени традиционални рецепти, се упатија кон KulturHaus, куќа на периферијата на Бремен, Германија. Таму им се придружија уште 39 учесници од Италија, Литванија, Србија, Шпанија и Германија на Еразмус+ младинската размена „C.O.O.K.“, каде што десет дена…

0 Comments

Повик за обука во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара младински работници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Beyond Feeling Fine: Exploring Well-being in Today’s World” во Шпанија. Место: Конил де ла Фронтера, Шпанија Датум: 4.04 - 11.04.2026 За проектот: Проектот има за цел да ја поддржи благосостојбата на младинските работници преку обезбедување практични алатки за…

0 Comments

ВОИСЕС јануари 2026

Додека некои слават Нова Година или Божиќ - еден тивок, несмасен вид му се заканува на светот: „Woodcrawlers“. Тие не се животни. Тие се високи, тивки и се движат без ред. Тие имитираат гласови и се кријат околу дрвја, станувајќи дел од нив. Шумата се затишува неприродно кога се блиску. Кога одите во шума, таа…

0 Comments

Повик за младинска размена во Словачка!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Gamechangers: Games for inclusive societies“ во Словачка. Место: Нитра, Словачка Датум: 6.02. – 13.02.2026 За проектот: Целта на овој проект е да ги вклучи младите луѓе во истражувањето и промовирањето на вредностите на инклузија,…

0 Comments

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+20 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Cool jobs for a hot planet” во Романија. Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија Датум: 26.01 - 4.02.2026 За проектот: Целта е да се промовира циркуларната економија и социјалното претприемништво преку развивање на клучни компетенции потребни за…

0 Comments

„I want my tears back“ – младинска размена во Романија

„Јас сум еден од среќниците што имаа можност да учествуваат на младинската размена: ‘I want my tears back’ во Бузау, Романија. Драго ми е што можам да кажам дека ова беше едно од најдобрите искуства што сум ги имал, и тоа поради повеќе причини. Не е срамота да се признае дека ситуацијата во Македонија во…

0 Comments

Oд зелената Ирска до синото Охридско Езеро

Кога љубопитноста се среќава со храброста, а пријателството ги преминува границите - се случува магија. Токму тоа се случи кога млади луѓе од Ирска и од Македонија тргнаа на патување кое ги претвори странците во пријатели, а пејзажите во доживотни спомени. Размената на Младинскиот центар Лимерик помеѓу Македонија и Ирска собра 24 млади авантуристи за…

0 Comments

Џебно издание за успех: Паметни совети за попаметна кариера

Брошурата е резултат на заедничките напори на проектниот тим со осврт на клучните вештини за вработување на денешниот пазар на трудот. Покрај тоа, таа обезбедува совети и информации за младите луѓе, почнувајќи од разбирање на побарувачката, каде да ги бараат посакувани работни места и како да ги подобрат дигиталните вештини, за да создадат силни биографии…

0 Comments

Среќата е долговечна

На Медитеранот се наоѓа остров кој ја крие тајната на долговечноста. Можеби оваа тајна е поврзана со среќата. Сардинија ги има и двете, но што ако тие сочинуваат едно и равенката е едноставна: среќа=долговечност. Една недела во Сардинија овозможува преглед на она што се случува таму, што е многу повеќе од прекрасните азурни води и…

0 Comments