Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Fundación Escuela de Solidaridad“ во Шпанија.
Место: Гранада, Шпанија
Период: што е можно поскоро (12 месеци)
За проектот:
ФЕС е заедница домаќин. Развојот на заедницата е тесно поврзан со солидарноста на луѓето кои придонесуваат со своето знаење, вештини и искуство во заедницата. Волонтерите ќе поддржуваат активности во заедницата домаќин кои вклучуваат уметност, градинарство и работилници.
Повеќе информации: инфопакот
Проектен партнер: Fundación Escuela de Solidaridad
Технички детали::
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
How to apply?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 17.06.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
