Здраво, јас сум Софија, имам 23 годинии и доаѓам од Марсеј, Франција. Би се опишала како „INTP“ што би значело дека сум аналитична, љубопитна и сакам да истражувам.
Една од главните мисии поради кои дојдов овде е работата во магазинот „ВОИСЕС“. Пишувањето статии отсекогаш ме интересирало, па затоа сметам дека престојот во Скопје ќе биде исклучително корисен за мене. Ќе бидам опкружена со луѓе кои се тука за да учат и да си помагаат едни на други.
Неодамна завршив со студиите по дизајн на кориснички интерфејс. Размислувам дали да продолжам со студиите, меѓутоа наоѓањето на одговорот стана комплицирана мисија. Затоа решив да дојдам за волонтерски проект тука во Македонија. Микс од учење и патување.
Дислексична сум, но тоа не ме спречува да го сакам читањето. Или пишувањето. Сакам да пишувам мали приказни инспирирани од музика, серии или филмови.
Тука сум многу кратко време, но луѓето во тимот на ВЦС изгледаат многу фини и поддржувачки настроени. И покрај мојата срамежливост – им верувам.
Софија Али
Организација-испраќач: Hors Pistes
