Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „ESC Advent“ во Унгарија.
Место: Нагиважони, Унгарија
Датум: 24.11.2026 – 17.12.2026 (3 недели)
За проектот:
За време на вашиот тимски волонтерски проект, ќе учествувате во спој од практични и креативни активности, како и активности во заедницата. Ќе се грижите за средновековни урнатини, ќе се занимавате со обработка на дрво, готвење, ќе се вклучите во училишните прослави, ќе работите во младински центар и ќе го организирате Денот на волонтерите.
За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Fekete Sereg Nagyvázsony
Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликацијана англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 11.11.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
