You are currently viewing МЛАДИ во медиумска писменост

МЛАДИ во медиумска писменост

Речиси скоро еден месец помина од кога нашиот тим од Македонија замина да учествува на младинска размена во Латвија со наслов: “YOU(th) in Media Literacy”.

На оваа размена Јован, Давид, Јоана, Бојана, Лазар и Софија, како и останатите учесници од другите држави имаа шанса да научат повеќе за медиумската писменост и што значи тоа, а и ги усовршуваа своите вештини за тоа како поедноставно да проверат која вест е излезена од извор на кој може да му се верува, полесно да се справат со точни/лажни вести без разлика дали се сретнуваат со истите на социјалните мрежи, во магазини, на ТВ итн.

Еве што имаат да ни споделат учесниците од нашиот тим за нивното искуство.

Јован: „За време на оваа размена, јас лично увидов многу за тоа како учам нови работи и како другите околу мене учат и дека не мора секогаш да е истиот начин за сите. Стекнав нови искуства како тим-лидер на група и организатор/автор на проектот.

Позицијата на тим-лидер ме научи дека мора да ги поттикнам и мотивирам учесниците од мојот тим кога им е најбитно, како подобро да им го преточам моето знаење околу креирање на активности и превземање на лидерското место како група. Исто така, научив дека и некогаш треба да ги оставам сами да ја претворам нивната бура од идеи во финален план.

Позицијата на организатор/автор на проектот мислам дека беше најголемиот чекор што го имам направено во моето досегашно искуство во сферата на ‘Еразмус+’ и со самиот процес научив како да размислувам пред време за планот на работа и начините како најдобро да се пренесе пораката до другите.

И секако, нема поголемо богатство од запознавање нови луѓе, стекнување контакти и нови вештини за работа и искусување нови култури.”

Давид: „Размената во Латвија беше огромна можност да стекнеме нови вештини и знаења, да стекнеме нови пријателства и да дознаеме повеќе за нивните култури. Исто така, стекнав нови искуства и спомени кои ќе се паметат”

Јоана: „Оваа размена не ми беше прва, но дефинитивно беше најдобра. Секој учесник се вложи за да сите работиме како кохезивна група. Успеав да научам многу за медиумската писменост, и да искусам повеќе култури одеднаш.”

Бојана: „Размената во Латвија за мене беше одлично искуство кое ми овозможи да запознаам нови луѓе, различни култури и да научам многу нови работи. Ми остави преубави спомени и ми помогна да стекнам многу нови вештини и поголема самодоверба.”

Лазар: „Оваа размена во Латвија беше повеќе од само можност за запознавање со различни култури. Преку преиспитување на сфаќањата за медиумите и нивното влијание во нашите општества во споредба со оние на нашите врсници, сфативме како медиумските портали секојдневно влијаат врз нас и како тоа влијание го ограничува нашето истражување на животот преку лично искуство. Покрај тоа, таа ни помогна да ги зацврстиме нашите гледишта и разбирањето за различните општества, а особено за сопственото.”

По завршувањето на проектот, можеме да видиме дека нашиот тим е задоволен со знаењето кое го добиле, пријателствата кои ги стекнале и искуствата кои ги оствариле во Латвија, и секако на моментите кои ќе ги паметат засекогаш.

Проектен партнер: Baltic Regional fund