Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering at Precious Plastic Bremen“ во Германија.
Место: Бремен, Германија
Период: 5.10.2026 – 30.09.2027 (12 месеци)
За проектот:
„Precious Plastic Bremen“ е непрофитна иницијатива и динамично социјално претпријатие посветено на заштита на животната средина, зачувување на ресурсите и социјална инклузија.
Како волонтер ќе имате можност да работите со креирање содржини за социјални медиуми, да истражувате и да уредувате, да документирате влијание, да организирате работилници и да ги имплементирате вашите сопствени идеи.
Повеќе информации: ТУКА
Проектен партнер: NaturKultur e.V
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по германски јазик се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 10.09.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
