You are currently viewing Повик за младинска размена во Македонија!

Повик за младинска размена во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара 10 учесници (15-21 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Young Civil Society“ во Македонија.

Место: Струга, Македонија
Датум: 22.08 – 29.08.2026

За проектот:
Оваа активност е билатерална младинска размена помеѓу Македонија и Полска. Темата е учество на младите и граѓански активизам. Целта на размената е да се воспостави трајна соработка помеѓу нашите две европски територии со различни општествени реалности, но со заеднички вредности.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Europa Iuvenis

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 10.08.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.