You are currently viewing Повик за волонтери во Литванија!

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering in Šilo Education Center“ во Литванија.

Место: Вилниус, Литванија
Период: 11.12.2026-10.12.2027 (12 месеци)

За проектот:
Образовниот центар „Шило“ обезбедува задолжително основно специјално образование за деца со различни развојни, интелектуални и сложени нарушувања. Училиштето успешно спроведува здравствено, социјално и стручно водство. Волонтерите ќе им помагаат на наставниците во училиштето да организираат образовни активности за учениците, како и да организираат училишни настани, екскурзии итн.

Проектен партнер: Saltes

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

How to apply?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирајте на младинскиот портал: https://youth.europa.eu/solidarity/opportunity/25790_en
  4. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 30.08.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.