Добредојде за Берна од Турција!

Здраво, јас сум Берна од Турција. Имам 23 години и живеам во Истанбул, но неодамна почувствував дека ми треба промена, нови места и поинаква атмосфера. Затоа и дојдов во Македонија. Отсекогаш сум била некој што ги забележува малите нешта, како што е атмосферата на улица или чувството за припадност. Уживам во истражување на различни култури…

0 Comments

Повик за волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество во два долгорочни ЕСК проекти “Volunteering in a Waldorf school” и “Volunteering at a Cultural Center Schlachthof” во Германија. Место: Бремен, Германија За проектите: 1. Волонтирање во послешколски активности во училиштето „Валдорф“ (2 волонтери) Датуми: 07.09.2026 – 31.08.2027 или 19.10.2026 – 30.09.2027 Заеднички задачи: Помагање на тимот во…

0 Comments

Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18 – 30 години) од Македонија за учество во два долгорочни ЕСК проекти “Change Support Volunteer” и “Binario Solidale” во Италија. Место: Бреша или Калвизано, Италија Датум: 28.04.2026 – 18.12.2026 За проектите: 1. Change Support Volunteer, Бреша, Италија (2 волонтери) Овој проект се фокусира на промоција на волонтерството, комуникацијата и ангажирање…

0 Comments

Добредојде за Орели од Франција!

Здраво на сите, Моето име е Орели и доаѓам од Марсеј, Франција. Наместо да пишувам долги пасуси, ќе набројам 10 факти за себе: Јас сум Бик во хороскоп, тоа е прво нешто. Родена сум во Париз, но живеам во Марсеј. Не сакам гласни луѓе. Јас сум „ENTP“ на „MBTI“. Го сакам звукот на балканската музика.…

0 Comments

Повик за волонтери во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18 – 30 години) од Македонија за учество на краткорочниот (2 месеци) ЕСК проект “Voluntary steps“ во Турција. Место: Анкара, Турција Датум: 01.05 - 30.06.2026 (2 месеци) За проектот: Како волонтер, ќе работите во училишта, ќе организирате креативни активности како сликање, цртање, игри, спорт и ќе водите англиски разговорен клуб.…

0 Comments

Добредојде за Каролина од Полска!

Здраво, моето име е Карола и во Скопје дојдов од главниот град на полската песна - Ополе. Тукушто дипломирав Европска дипломатија, а магистрирав меѓународно и европско право. Пред официјално да го затворам „детското“ поглавје од мојот живот, сакав да направам нешто важно и да доживеам нешто ново. Така решив да се приклучам на волонтерската ЕСК-авантура.…

0 Comments

Повик за волонтер во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на краткорочниот ЕСК-проект под наслов „Compass“ во Словенија. Место: Бегуње на Горењскем, Словенија Период: 27.04 - 21.06.2026 (56 денови) За проектот: Организацијата им нуди можност на волонтерите да учествуваат во многу значајни активности во заедницата. Волонтерите поминуваат време со млади луѓе преку работилници, игри, спорт и активности на…

0 Comments

Добредојде за Пјотр од Полска!

Здраво, се викам Пјотр и доаѓам од Ополе, Полска. Ги завршив магистерските студии по економија. Сега го истражувам мојот возрасен живот. Мислам дека е совршено време за волонтирање. Пред да дојде време за работа, деца и хипотека. Обожавам да истражувам нови земји и култури. Се надевам дека мојата посета на Македонија и патувањата во соседните…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Пол од Франција!
Paul, France

Добредојде за Пол од Франција!

Здраво! Јас сум Пол, од Франција сум и штотуку наполнив осумнаесет години во септември! Откако завршив средно училиште, бев целосно изгубен во врска со тоа што сакам да правам наредно и што сакам да студирам. Живеев во мал град, па постојано се гледав со истите луѓе. Очигледно ми требаше свеж воздух, ми требаше да запознаам…

0 Comments

Повик за волонтери во Чешка!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC Luzanky” во Чешка. Место: Брно, Чешка Датум: септември 2026 - август 2027 (12 месеци или 6 месеци) Повеќе за проектот: Центарот за рекреација Лузанки (SVC Luzanky) е спремен да биде домаќин за волонтери на некои од следните позиции: Legato - Circus LeGrando …

0 Comments

Добредојде за Каролина од Франција!

Здраво! Јас сум Каролина, 21-годишна девојка со француско-бразилско потекло, која живее во Париз. По завшрувањето на студиите по историја и историја на уметност, сакав да откријам различни делови од светот и луѓе со различни позадини. Земањето пауза од една година и волонтирањето ми се чинеа како одлична можност за тоа! Само што стапнав на македонска…

0 Comments

Повик за волонтери во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18 – 30 години) од Македонија за учество на краткорочниот (2 месеци) ЕСК проект “Voluntary steps“ во Турција. Место: Анкара, Турција Датум: 01.03-30.04.2026 (2 месеци) За проектот: Како волонтер, ќе работите во училишта, ќе организирате креативни активности како сликање, цртање, игри, спорт и ќе водите англиски разговорен клуб. Ќе учествувате…

0 Comments

Развој преку давање во Бугарија

Кога првпат пристигнав во Бугарија, носев повеќе од само куфер со мене, носев еден куп очекувања, тивка неизвесност и длабоки емоции за моето следно краткорочно волонтерско искуство во градот Софија. Она за што не бев свесна во тоа време беше дека ова искуство ќе остави значаен отпечаток на мене, преку задачите што ги исполнивме, моментите…

0 Comments

ВОИСЕС февруари 2026

⭐Леа: Животот во Скопје е толку различен. Непредвидлив. Изненадувачки. Понекогаш ми ја одзема целата волја и сила. Сепак, толку е убаво. Луѓето, културите, различните начини на живот. Сите нови работи што ги правам и гледам ме менуваат на начини што никогаш не сум ги очекувала, па затоа и толку многу уживам во овој процес. 😈Луна:…

0 Comments

Повик за волонтер во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Solidarity for Green Dalmatia“ во Хрватска. Место: Сплит, Хрватска Период: март 2026 - февруари 2027 (11 месеци) За проектот: „Solidarity for Green Dalmatia“ ќе собере 1 - 2 долгорочни волонтери во Сплит и ќе ги вклучи во 4 активности поврзани со заштита на животната средина и…

0 Comments

Повик за волонтер во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Solidarity in Action“ во Хрватска. Место: Пула, Хрватска Период: февруари - септември 2026 (7 месеци) За проектот: Проектот вклучува организирање изложби, филмски проекции, литературни програми, дискусии и креативни работилници кои промовираат дијалог, човекови права и активно граѓанско учество. Исто така, ќе се…

0 Comments

Добредојде за Борис од Словачка!

Ахој/Ahoy! Така се поздравуваме во Словачка. Таму од каде што доаѓам, понекогаш во зима знаеме да играме хокеј на замрзнати езера. Го обожавам тоа: слободата, студениот воздух и спортот. И секоја активност во движење, сеедно: тенис, пинг-понг, фудбал, пливање или популарната „нинџа“… со задоволство ќе се приклучам! Студирав психологија во Холандија и уживам во разговорите…

0 Comments

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering in kindergarten“ во Полска. Место: Гдањск, Полска Датум: март 2026 – декември 2026 (9 месеци) За проектот: Бараме ентузијастични волонтери да се приклучат на една од двете градинки во Гдањск. Задачите на волонтерите ќе бидат: - поддршка и помош во активностите, како…

0 Comments

Повик за волонтери во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering in Águeda“ во Португалија. Место: Агуеда, Португалија Период: што е можно поскоро (до 4,5 месеци или 12 месеци) За проектот: Дали сте заинтересирани за солидарност, различни култури и волонтирање? Дали сакате да работите со деца и со локалната заедница? Дали отсекогаш…

0 Comments

Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Pavia Calls Europe” во Италија. Место: Павија, Италија Датум: од средината на февруари или од средината на март до крајот на јули 2026 година (5,5 или 4,5 месеци) Повеќе за проектот: Во „Бабел“ активностите се подеднакво поделени помеѓу учењето…

0 Comments