Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Solidarity, yes we can“ во Португалија.
Место: Арукелас, Португалија
Период: што е можно поскоро (од 2 до 12 месеци)
За проектот:
Волонтерите ќе живеат во локална заедница, помагајќи им на децата и обидувајќи се да ги интегрираат со постарата популација. Во Арукелас, населението е претежно постаро, па затоа волонтерите се таму за да создадат поголема интеракција помеѓу младите и постарите лица.
Повеќе информации: INFOPACK
Проектен партнер: “H2O” – Associação de Jovens de Arrouquelas
Технички детали::
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 395 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
How to apply?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 16.06.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
