Ние имплементираме разни проекти секоја година, од локални соработки со различни организации до интернационални проекти со нашите партнери низ Европа.

Работиме со Европскиот солидарен корпус, Еразмус+, СЕТ (Стручна едукација и тренинг), програми од француската граѓанска служба и различни финансиски можности во Македонија. Исто така работилниците се дел од нашите активности, нашите волонтери се желни да ги запознаат младите во Македонија! Сакате да соработувате со нас? Јавете се, контактирајте нѐ преку e-mail, посетете нѐ, отворени сме за многу видови на соработка.

Сегашни проекти

MIND
Да се зајакнат капацитетите на ВЕТ професионалците за спроведување на нивните практики за ментално здравје и промоција на социо-емоционалната благосостојба за ВЕТ студентите во проекти со мобилност.
Прочитај повеќе
SMART Balkans
Акција за правата на девојките за еднаквост, мир и безбедност.
Прочитај повеќе
AI SMM
Пилотирање на вештачка интелигенција за интеграција и просперитет преку едукација за маркетинг на социјалните медиуми.
Прочитај повеќе
MENTOR
Да се ​​валоризираат постоечките потреби и очекувања за менторство во младинскиот сектор.
Прочитај повеќе
ESC Ecosystems
Проектот има за цел да го подобри квалитетот на волонтерските ЕСК-проекти низ Европа.
Прочитај повеќе
Smartphone for Employability
Проектот е посветен на зајакнување на вработливоста на младите лица кои се соочуваат со пречки за вработување.
Прочитај повеќе

Заинтересирани да волонтирате во нашата организација во Македонија?

Ние сме домаќини на меѓународни волонтери преку различни програми како Европскиот солидарен корпус, француската Граѓанска служба, СЕТ програмата и разни практиканства во Европа. Придружете се!

Креирање на списание ВОИСЕС

Пишување текстови, истражувања, интервјуа, дизајнирање на магазинот, поткасти… Ќе бидеш еден од уредниците на ВОИСЕС!

Проекти & Работилници

Промоција на волонтерството, пишување и имплементирање проекти, користење на неформални образовни методи и работилници со средните училчишта. Небото е граница за проектни идеи!

Онлајн компетенции

Да работиш на каналите на социјалните медиуми, да креираш содржина и дизајн, да правиш видеа и промотивни материјали. Сакаш да креираш интересна содржина на ТикТок или на Инстаграм?

Работа со деца

Проекти во Дневниот Центар за деца од улица во Шуто Оризари или во основно училиште за деца со специјални потреби. Ќе бидеш вклучен вои дневните активности и ќе им помагаш на децата.

Настани

Организирање на различни настани за локалните млади како на пример караоке забави, филмски вечери, паб-квизови, интеркултурни вечери… Затоа што мора и да се забавуваме.

Претходни проекти