Добредојде за Емрекан од Турција!

Се викам Емрекан. Имам 26 години. Живеам во Турција. Мојата страст кон јазиците растеше со години, што во тоа време не бев ни свесен. Како дете гледав многу стари вестерн филмови. Бев воодушевен од тоа како поединците учествуваа во разговорите. Открив дека обрнував внимание на изговорот на јазикот. Тој период можеби го означи почетокот на…

0 Comments

Добредојде за Софија од Франција!

Здраво, јас сум Софија, имам 23 годинии и доаѓам од Марсеј, Франција. Би се опишала како „INTP“ што би значело дека сум аналитична, љубопитна и сакам да истражувам. Една од главните мисии поради кои дојдов овде е работата во магазинот „ВОИСЕС“. Пишувањето статии отсекогаш ме интересирало, па затоа сметам дека престојот во Скопје ќе биде…

0 Comments

Добредојде за Адриен од Франција!

Здраво, јас сум Адриен, имам 22 години и доаѓам од Сен Тропе, на југот на Франција. Две години студирав графички дизајн и дипломирав во декември минатата година. Потоа одеднаш сфатив: сакам да одам во странство. Во јануари, го реализирав мојот прв двомесечен волонтерски стаж и тоа во Петриња, Хрватска, каде им помагав на лицата со…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Каролина од Полска!
Karolina, Poland

Добредојде за Каролина од Полска!

Здраво, моето име е Карола и во Скопје дојдов од главниот град на полската песна - Ополе. Тукушто дипломирав Европска дипломатија, а магистрирав меѓународно и европско право. Пред официјално да го затворам „детското“ поглавје од мојот живот, сакав да направам нешто важно и да доживеам нешто ново. Така решив да се приклучам на волонтерската ЕСК-авантура.…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Пјотр од Полска!
Piotr, Poland

Добредојде за Пјотр од Полска!

Здраво, се викам Пјотр и доаѓам од Ополе, Полска. Ги завршив магистерските студии по економија. Сега го истражувам мојот возрасен живот. Мислам дека е совршено време за волонтирање. Пред да дојде време за работа, деца и хипотека. Обожавам да истражувам нови земји и култури. Се надевам дека мојата посета на Македонија и патувањата во соседните…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Жанета од Словачка!
Žaneta, Slovakia

Добредојде за Жанета од Словачка!

Здраво на сите! Јас сум Жанета и доаѓам од мало село во Словачка. Уште од дете сонував да истражувам нови земји и да откривам различни култури, а таа љубопитност е сè уште голем дел од мене. Би рекла дека моето патување за истражување на светот започна со една младинска размена во едно село во странство.…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Пол од Франција!
Paul, France

Добредојде за Пол од Франција!

Здраво! Јас сум Пол, од Франција сум и штотуку наполнив осумнаесет години во септември! Откако завршив средно училиште, бев целосно изгубен во врска со тоа што сакам да правам наредно и што сакам да студирам. Живеев во мал град, па постојано се гледав со истите луѓе. Очигледно ми требаше свеж воздух, ми требаше да запознаам…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Борис од Словачка!
Boris, Slovakia

Добредојде за Борис од Словачка!

Ахој/Ahoy! Така се поздравуваме во Словачка. Таму од каде што доаѓам, понекогаш во зима знаеме да играме хокеј на замрзнати езера. Го обожавам тоа: слободата, студениот воздух и спортот. И секоја активност во движење, сеедно: тенис, пинг-понг, фудбал, пливање или популарната „нинџа“… со задоволство ќе се приклучам! Студирав психологија во Холандија и уживам во разговорите…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Артур од Франција!
Arthur, France

Добредојде за Артур од Франција!

Здраво! Јас сум Артур, дипломирав филозофија и работам како професор по француски јазик повеќе од една година. Доаѓам од мал град веднаш до Лион, Франција, што навистина ми се допаѓа но повикот за авантура беше поголем од љубовта кон мојот роден град, па еве ме. Како професор, навистина ми се допаѓаше да ги гледам моите…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Нели од Германија!
Nelli, Germany

Добредојде за Нели од Германија!

Здраво! Јас сум Нели, 18-годишна девојка од Турингија, зеленото срце на Германија. Откако конечно го завршив средното училиште оваа пролет, знаев дека е време да пробам нешто ново пред да го изберам мојот животен пат. Исто така, бидејќи различните култури и земји отсекогаш ме интересирале, помислив дека волонтирањето една година би било одлична можност навистина…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Леа од Германија!
Lea, Germany

Добредојде за Леа од Германија!

Hallo! Јас сум Леа, 18-годишна матурантка од Германија. Откако знам за себе, сонував да се преселам во странство и да откривам нови места и култури. Откако поминав многу време истражувајќи можности да го направам тоа по завршувањето на училиштето (искрено, поголемиот дел од истражувањето беше направено и за време на здодевните часови во училиште :)…

0 Comments

VOICES OCTOBER 2025

Како што воздухот станува поладен и лисјата почнуваат да паѓаат, се потсетувам дека и моето време тука полека, но сигурно завршува. Всушност, иако сè уште ми се чини нереално, тука сум веќе речиси 11 месеци. Живеењето во Македонија е нешто за кое никогаш не би поверувала дека ќе се случи, дури и ако ме прашавте…

0 Comments

ВОИСЕС септември 2025

Откако пристигнав во Македонија, почувствував мала промена во мене. Можеби е начинот на кој луѓето ми ги отвораат вратите без двоумење, или како само една пијачка може да ги претвори странците во нешто поблиско. Добредојдето што го добив овде беше повеќе од учтивост, се чувствува како вистинска покана за припадност, да бидам дел од ритам…

0 Comments

ВОИСЕС август 2025

Секако бев свесен дека Европскиот Младински Олимписки Фестивал (EYOF), што се одржа во Скопјe од 20 до 26 јули, ќе ме научи нешто како олимписки волонтер, но, настанот ги надмина моите очекувања. Целата недела ја поминав во салата каде што се одржуваа натпреварите во теквондо, што ми овозможи да видам свет за кој претходно не…

0 Comments

ВОИСЕС јули 2025

Во април, седев на кампусот во Анкара, размислувајќи за плановите за летна пракса. Немав поим дека за само неколку недели, сè во мојот живот ќе се промени. Додека ги разгледував универзитетските програми, наидов на тримесечна можност за волонтирање во Скопје, Македонија. Во тој момент сфатив дека нешто важно ме чека. Ова беше мој сон уште…

0 Comments

Добредојде за Наржис од Франција!

Здраво на сите! Јас сум Наржис, имам 19 години, доаѓам од Франција, но горда сум на своето потекло: половина Французинка, половина Мароканка (тимски кускус и багети). Ги сакам авантурите, музиката во ушите, одбојкарските натпревари со пријатели и исклучително сум љубопитна за сè што е поврзано со Јужна Кореја. Ова е моето прво волонтерско искуство и…

0 Comments

Истражувајќи ја Македонија, пронаоѓајќи се себе си

Точно пред една година, ги предадов сите документи во амбасадата на Македонија во Полска и чекав да добијам привремен престој за да одам во Македонија. Имав измешани емоции околу преселбата во странство на една година и волонтирањето во Волонтерскиот Центар Скопјe (ВЦС). Од една страна, се чувствував возбуден да го променам мојот живот, да запознаам…

0 Comments

Домот што го избрав

Ако ми кажевте само пред пет години дека ќе живеам на Балканот една година, веројатно би помислила дека се шегувате. Не само Балканот туку и во Македонија од сите места на светот - земја за која никогаш не сум слушнала доволно можеби освен карактеристичното црвено знаме со жолто сонце и локацијата на картата што ја…

0 Comments

ВОИСЕС јуни 2025

Надежта е глуварче – и глуварчето е тоа. Приказната за сè си го продолжува својот тек така што најмалото, најситно семе од него е носено и однесено од раниот летен ветрец. И покрај неговиот сосема незабележителен изглед, тенкото семе поседува тајна супермоќ: може да се вкорени дури и на најневеројатните места под најсуровите и најзабранетите…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Касандра од Франција!
Cassandre, France

Добредојде за Касандра од Франција!

Бонжур! Јас сум Касандра, имам 21 година и доаѓам од француските планини. Секогаш се воодушевувам кога водам одлични разговори од кои може да се научи. Ако ви се допаѓа џез музиката и животната филозофија, сигурно е дека ќе се сложуваме. Обожавам да цртам, да свирам пијано и да фотографирам, особено кога има сонце. Дојдов овде…

0 Comments