Здраво на сите! Јас сум Жанета и доаѓам од мало село во Словачка. Уште од дете сонував да истражувам нови земји и да откривам различни култури, а таа љубопитност е сè уште голем дел од мене.
Би рекла дека моето патување за истражување на светот започна со една младинска размена во едно село во странство. За време на тоа искуство, сфатив колку моќна може да биде културната разновидност и колку можеме да научиме едни од други. Ова ми го отвори умот и ме инспирираше да продолжам да истражувам.
Во моментов, земав пауза од една година и чувствував дека ова е совршена можност да искусам различни земји повеќе од само една недела. Сакам да запознаам места со подлабоко разбирање на истите, не само како турист кој набљудува работи површно туку како некој што живее, учи и се поврзува со луѓето и културата.
Затоа сум тука да истражувам, да создавам и да изградам важно врски.
Се надевам дека моето поминато време во Македонија ќе стане незаборавно искуство не само за мене туку и за луѓето што ќе ги запознаам и со кои ќе работам. Заедно, верувам дека можеме да создадеме нешто значајно и позитивно да влијаниеме.
Жанета Кобилијакова
Организација-испраќач: KERIC
