Повик за Ментори!

Дали сте друштвена, дружељубива личност, можеби барате нови предизвици и пријателства? Дали имате некакво волонтерско или искуство со мобилност? Во ВЦС сме домаќини на неколку меѓународни волонтери од Европа, кои се дел од програмата на „Европски Солидарен Корпус“. Вообичаено, тие за првпат доаѓаат во Македонија и бидејќи културната промена може да биде малку збунувачка –…

0 Comments

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Bright Future” во Полска. Место: Вроцлав, Полска Датум:  декември 2024 - декември 2025 (12 месеци) Повеќе за проектот: Станете дел на еден од волонтерските проекти во Вроцлав! Како волонтер ќе работите со деца, млади или лица со попреченост,…

0 Comments

ВОИСЕС декември 2024

Се сеќавам кога го добив мојот прв е-маил со покана да пишувам за „Воисес“. Сè уште бев дома во Полска и нетрпеливо ја чекав мојата виза. Сега сум од другата страна на екранот и веќе имам објавени неколку свои статии. Мојот дом? Па, поминаа три месеци откако почнав така да ја нарекувам Македонија. Преселувањето овде…

0 Comments

Како љубовта и посветеноста го обликуваат светот

Претпоставуваме дека честопати сте слушнале дека „Еден човек сам не може многу да направи“, но доказ дека таа изјава не е сосема точна е учителката Рамона Бабос од градот Арад, Романија која е вистинска хероина. Не само затоа што е наш соговорник во ова интервју, туку затоа што успева на многу дечиња да им даде…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Клои од Франција!
Chloe, France

Добредојде за Клои од Франција!

Здраво на сите! Јас се викам Клои, имам 21 година и доаѓам од Стразбур во североисточниот дел на Франција. Ме интересира откривање нови јазици и култура, поради што дипломирав на Отсекот за „Јазици и интеркултуралност“. Учев англиски, руски и бугарски јазик. Додека студирав, добив можност да учествувам во неколку летни школи во Бугарија. Уживав во…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Матиу од Франција!
Mathieu, France

Добредојде за Матиу од Франција!

Јас се викам Матиу, имам 19 години и доаѓам од Франција. Многу сакам фотографија, видеа и видео-игри. Кога имам време, практикувам барем една од овие три работи. Моето школување запре со стекнувањето на диплома за завршено средно образование и, всушност, откако донесов одлука да излезам од мојата удобна зона и да правам работи, за кои…

0 Comments

Од волонтерскиот дневник на Бате Даки: „ЕСК не е само волонтирање“

Многу често кога зборуваме за волонтирањето – зборуваме за добротворна и неплатена работа со која придонесуваме во заедницата, со додавка дека притоа се стекнуваат различни вештини, искуство и знаења. Но, за разлика од класичната волонтерска работа, ЕСК (Европскиот Солидарен Корпус) е многу повеќе од се претходно наведеното. А што е поразлично? Па, според моето животно…

0 Comments

Green washing – Актуелниот релативизам како можност за осознавање на сопствената вистина

Волонтирајќи во една од водечките невладини организации во Хрватска за заштита на животната средина и природата – „Sunce“, моето јас доживеа раст и преобразба во многу насоки. Рутински работејќи на настаните, работилниците во склоп на волонтирањето, незабележително и потсвесно длабоко почнував да ја гледам и анализирам суштината позади истите. Од ден на ден се запознавав…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Маике од Германија!
Maike, Germany

Добредојде за Маике од Германија!

Здраво :) Јас сум Маике и доаѓам од Бон во Германија. Неодамна завршив средно училиште, но пред да одам на универзитет каде планирам да студирам интердисциплинарни науки, сакав да стекнам нови искуства, особено интеркултурни, интерперсонални и лични, како и да научам работи надвор од училиштето. Па, тоа е она што ме доведе до ВЦС и…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Софија од Германија!
Sophia, Germany

Добредојде за Софија од Германија!

Здраво на сите! Јас се викам Софија и имам 18 години. Откако летово завршив средно училиште, го напуштив мојот прекрасен роден град во југозападна Германија за да изградам нов дом овде - во уште поневеројатното Скопје. Многу сум заинтересирана да истражам што е можно повеќе за ова посебно место во срцето на Балканот и локалните…

0 Comments

ВОИСЕС октомври 2024

Споделување… Што е тоа? Пред да дојдам во Македонија, знаев дека една од главните задачи ќе ми биде пишувањето во „Воисес“. Искрено, пишувањето не ми беше омилено хоби, но кога ја осознав неговата важност - почнав подлабоко да размислувам што значи споделувањето. Според речникот на Кембриџ, дефиницијата гласи: „да му кажеш на некој друг за…

0 Comments

Од волонтерскиот дневник на Бате Даки: „Мислам дека сум многу побогат“

Во Арад, Романија живеам речиси половина година, што значи одамна ја оставив зад мене првата половина од мојот волонтерски проект. Зошто ме немаше да се јавам со текст претходно? Бидејки не знаев на што да се насочам и како тоа да го опишам. Причината е што се соочив со некои предизвици што сега ме прават…

0 Comments

Мојата волонтерска авантура во Аруба

Среќен за животот Двата мои месеца поминати во волонтирање во Аруба беа трансформативно искуство кое ми остави траен впечаток. Природната убавина на островот, живописната култура и времето поминато со организацијата-домаќин и локалното население, допринесоа за едно незаборавно патување на личен и професионален раст. Од моментот кога пристигнав, бев пречекан од енергичен тим и луѓе кои…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Нина од Аруба!
Nina, Aruba

Добредојде за Нина од Аруба!

Здраво, јас се викам Нина и доаѓам од прекрасниот остров Аруба. Уживам да одам на плажа, да пешачам со пријателите и со семејството и да минувам квалитетно време со нив. Но, исто така, сакам и кога сум сама, бидејќи некогаш и осаменоста е неопходна. Можам да бидам и екстровертна и интровертна личност. Има моменти кога…

0 Comments

ЕСК за почетници: Кисели краставички во една рака, животни лекции во друга

Глава прва Уште пред конечно да се спакувам за една година живот надвор од дома (чувството беше како да се обидувам да соберам цел циркус во кутија за чевли), веќе замислував што ќе напишам во овој прв извештај. Ги читав сите текстови од претходните волонтери, мислејќи што ќе кажам кога конечно ќе стигне мојот ред.…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Лукаш од Словачка!
Lukáš, Slovakia

Добредојде за Лукаш од Словачка!

Здраво, јас сум Лукаш! Имам 26 години и доаѓам од Словачка, но повеќе од шест години живеев во Чешка, каде студирав. Имам една магистерска диплома по социјално образование и советување, како и една за обука за издржливост и кондициски тренинг. По дипломирањето, волонтирав четири месеци во Франција преку програмата Workaway, што не само што ми…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Ања од Полска!
Anna, Poland

Добредојде за Ања од Полска!

Здраво, овде Ања! Имам 22 години и дојдов од Полска. Неодамна дипломирав когнитивни науки. Поминав 3 години истражувајќи ги мистериите на човечкиот ум, односно учејќи за тоа како размислуваме и го перцепираме светот околу нас, како и обидувајќи се да дознаам што, по ѓаволите, е свесноста (само за да дознаам дека дури и научниците не…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Емре од Турција!
Emre, Türkiye

Добредојде за Емре од Турција!

Јас сум Емре од Анкара, Турција. Имам 23 години и ги привршувам студиите на Факултетот за ветерина на Универзитетот Кирикале. Работам и како тренер на кучиња. Ги сакам животните и го сакам бегството во природа, така што Македонија, како земја со неверојатна природа, е совршено место за мене. Уживам во волонтерската работа и сакам да…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Кјубра од Турција!
Kübra Nur, Türkiye

Добредојде за Кјубра од Турција!

Здраво! Јас се викам Кјубра Нур, имам 22 години и доаѓам од Ескишехир, Турција. Студирам Меѓународни односи на Универзитетот во Анкара, годинава сум апсолвент. Го сакам мојот отсек, бидејќи ме интересира да ја учам мојата и историјата и политиката на другите земји. Сакав да направам нешто поразлично ова лето. И отсекогаш сакав да волонтирам во…

0 Comments

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Solidarity in the community” во Романија. Место: Извоареле, Романија Датум: 24.10 - 27.11.2024 (30 дена) За проектот: За времетраењето на проектот „Solidarity in the community“ волонтерите ќе помагаат на постарите индивидуи и самохрани родители околу секојдневните обврски и припреми за зимата. Тие исто…

0 Comments