You are currently viewing Младинска размена „Digital ME“во Летонија

Младинска размена „Digital ME“во Летонија

Во периодот од 01.-08.10.2017 година, фондацијата „Балтички регионален фонд” организираше проект за размена на млади “DIGITAL ME”, кој се одржа во Рига, Летонија со 31 учесник, млади и лидери на млади од пет земји од Европа: Летонија, Литванија, Полска, Италија и од Македонија. Станува збор за неформална младинска организација,  фокусирана во работата со младинските волонтери меѓу 18 и 25 години, со цел да се развијат, охрабрат и да ги поддржат креативни идеи со помош на обуки, проекти и консултации.

Во почетокот, нашиот тим од Македонија имаше голем предизвик да стигне дотаму, моравме да поминеме низ 3 три града за конечно да пристигнеме во Рига. Сепак, доколку не сакавме да патуваме, немаше ниту да аплицираме за партиципација на проект во балтичка земја, нели?

Како и да е, веруваме дека многу поинтетересно од нашето патешествие е доколку споделиме информации во врска со самиот проект од Еразмус плус програмата. “Digital me” e проект за ажурирање и промовирање на размислување за можностите за развој на лични и професионални компетенции кои ги нудат социјалните мрежи, дигиталните алатки и потенцијалните ризици со последици од нивно погрешно користење или, пак, незнаење воопшто да се користат.

Преку неформални методи и со користење на различни дигитални алатки, младите претставија свои вештини и ја промовираа својата интеграција на пазарот на трудот. Многу информации беа ажурирани за безбедноста и одговорноста на интернет, имаше подобрено знаење за нашето креирање на „селфија“ во социјалните мрежи, а исто така, треба да бидеме свесни за важноста на информациите што ги објавуваме во нашиот приватен и општествен живот. Проектот резултираше со листа на дигитални алатки за работа, образование и личен развој, како и со многу апликации со различни можности за млади.

Како тим од Волонтерски Центар Скопје, во проектот учествувавме со многу знаење од оваа област, поради реализираните работилници во нашата организација. Подготвивме видео, преку кое ја претставиме нашата земја и нашата култура со цел да бидеме блиски со темата на оваа младинска размена. Покрај тоа, ја откривме разликата меѓу социјалните медиуми и социјалната мрежа, научивме неколку практични работи за медиумите и апликациите што можеме да ги користиме за различни потреби.

Ова се вештините, искуството и стекнатото знаење. Работилниците, активностите и игрите беа главните дневни навики за една недела, ни помогнаа да создадеме ново пријателство со другите учесници во проектот. Без разлика од каде сме, различните националности, традиции и јазик, создадовме обединета заедница. На крајот, направивме кратки видеа, со главна тема: „Што ќе остане во паметење од овој проект” или, пак, „Благоарност до Еразмус + за оваа можност”.

Ако сте заинтересирани да ги погледнете изработените снимки, слободно посетете не во ВЦС, но не заборавајте со себе да понесете позитивна енергија и желба да учествувате на нашите „дигитални“ состаноци.

 

Александра Крстевска, Мирослав Настовски