Да, есента чукна на нашите прозорци, секаде околу нас е, и го чувствуваме здивот! Психолозите тврдат дека најдобар лек за есенската тага е љубовта. Според нив, есенските љубови се многу поквалитетните од жешките летни авантури и флертови. Во недостиг од светлина, имаме потреба со некого да ја поделиме темнината. Во топлите домови полесно споделуваме мисли и идеи, чувствата не ги криеме во себе, напротив, се фокусираме и на партнерот, па повеќе сакаме и разменуваме нежности.