You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Thematic Awareness Training – Peers for Equality” во Романија.

Место: Касоаја, Арад, Романија
Датум: 21.06 – 30.06.2024

За проектот:
Целната група е формирана од обучувачи на врсници, како и обучувачи и младински работници кои сакаат да истражуваат понатаму и да стекнат повеќе вештини за организирање активности на тема родова еднаквост преку едукација на врсници.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor Association

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 28.04.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.