You are currently viewing Добредојде за Аугустин од Франција!
Augustin, France

Добредојде за Аугустин од Франција!

Здраво, јас сум Аугустин, имам 26 години и доаѓам од Марсеј, град на југот од Франција. Се приклучив во Волонтерски Центар Скопје како дел од мисијата на Француската граѓанска служба (French Civic Service). Ова е моето прво странско волонтерско искуство, а ВЦС го одбрав поради разновидните прекрасни проекти на организацијата.

Студирав Јавна комуникација на северот на Франција, во Лил. Пред да почнам да работам, сакав да доживеам искуство во странство. Моите цели се да запознавам нови луѓе и да откривам нови култури. Да ги развијам моите вештини во различни области. Да ги посетам Македонија и Балканот. Да го подобрам зборувањето англиски јазик, а пред се, да се чувствувам корисно и да учествувам во проекти од општ интерес.

Обожувам рап и електронска музика, геополитика, готвење, храна и пиво. Сакам да пешачам и да трчам во природа. И секако, сакам да патувам и да истражувам земји.

Мојата мисија овде ќе биде да им помогнам на наставниците и воспитувачите во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, како и да пишувам за магазинот „Воисес“. Се надевам и дека ќе успеам да подготвам настани во името на ВЦС. 

Да заклучам, мило ми е што се приклучувам кон семејството на ВЦС, што имам можност да бидам дел од нивните активности и да споделуваме многу работи!

Аугустин Магод