You are currently viewing Запознајте го Жоаким од Франција!

Запознајте го Жоаким од Франција!

Здраво! Јас се викам Јоаким, имам 19 години и доаѓам од Сент, град во близина на Бордо, Франција.

Дојдов тука во Скопје и во Македонија за да стекнам искуство преку пракса во ресторанот „Рагуза 360“. Креирам музика и сакам тоа да ме води низ животот. Не зборувам да бидам музичар, туку би сакал да можам да работам опкружен со музика, па затоа се одлучив за организација на настани. Стапив во контакт со ВЦС, кои се мојата отскочна даска во реализацијата на плановите. За мене е предизвик да бидам овде во Македонија затоа што ќе можам да доживеам различни аспекти.

Пред да дојдам тука, помагав во организација на неколку концерти, стажирав во музичко училиште за најмладите, работев во ресторантски бизнис и работев низа работи за да можам да заработам.

Денес сум тука во ВЦС со еден куп други волонтери. Креираме настани, се дружиме, споделуваме многу работи и учиме едни од други. Тоа е толку интересно. Ќе уживам во моите патувања и знам сега сè е можно овде. Како заклучок, ќе кажам дека начинот на размислување е споделување, учење, уживање и работа!

Ќе останам овде 3 месеци преку програмата „BAGAGE+“.

Жоаким Лелонг

Организација-испраќач: Cercle de Qualité