You are currently viewing Добредојде Сулејман од Турција!

Добредојде Сулејман од Турција!

Здраво. Јас се викам Сулејман, доаѓам од Турција и живеам во Анкара. Имам 21 година и студирам индустриски инженеринг на Универзитетот „Хачетепе“. Член сум на волонтерски клуб на универзитетот и учествувам на меѓууниверзитетски настани. Одговорен сум за комуникација, насоки и обезбедување информации за настаните. Сакам да читам книги, да гледам филмови, да запознавам нови места и да искусувам нови работи.

Волонтирав во некои проекти во Турција, бидејќи правењето нешто хумано ме прави среќен. Се обидувам да допрам до луѓето и да учам нови работи од нив. Преку учество на овој ЕСК-проект, сакав од блиску да запознаам луѓе од различни националности. Покрај тоа, ќе стекнам големо искуство и ќе видам некои нови места. Тоа се драгоцености.

Да заклучам, се приклучив на проектот за да имам можност да запознаам различни култури. Многу сум среќен и возбуден што ќе бидам дел од ВЦС во следниот месец.

Сулејман Челик

Сулејман ќе волонтира во ВЦС во следниот месец преку краткорочен ЕСК проект.

Организација-испраќач: EU Activities Center (Турција)