Здраво и Мерхаба!
Јас сум Берфин, имам 22 години, доаѓам од Турција и првпат сум во странство преку проект од програмата „Еразмус+“.
Иако по потекло сум од Денизли, сепак, врските што ги создадов, искуствата што ги имав и спомените што ги создадов во Анкара навистина ме прават да се чувствувам како да припаѓам таму.
Студирам политички науки и меѓународни односи во Анкара, веќе сум апсолвент. За време на мојот универзитетски живот, работев во студентскиот клуб РОТА каде што спроведувавме проекти за општествена одговорност со обесправени поединци.
Тоа што сум единствено дете во моето семејство ја култивира мојата имагинација, креативност и практична интелигенција, потоа во голема мера ја подобри мојата способност да се занимавам со хоби како пеење, сликање и визуелизација. Ова воспитување, исто така, го усоврши мојот капацитет за ефикасно жонглирање со повеќе задачи, што се покажува корисно и во мојот личен и професионален живот.
Едномесечното волонтирање во Скопје веќе ме прави среќна. Сега, возбудена сум што запознавам нови луѓе и се „фрлам“ во нови авантури. Ваквите искуства навистина прават животот да се живее со полни гради.
Ајше Берфин Гочту
Берфин ќе волонтира во ВЦС во следниот месец преку краткорочен ЕСК проект.
Организација-испраќач: EU Activities Center (Турција)