You are currently viewing Добредојде Фуркан од Турција!

Добредојде Фуркан од Турција!

Здраво, здраво. Јас се викам Фуркан и имам 23 години. Доаѓам од Коња, Турција. Студирам компјутерско инженерство (трета година) на Универзитетот KTO Karatay во Коња. Сакам да креирам нешта преку најновите технологии.

Ова е моето прво искуство со програмата „Еразмус+“. Некогаш, пред да дојдам тука во ВЦС, доброволно се пријавив да подучувам Scratch за деца на возраст меѓу 7 и 14 години. Уживам во овие волонтерски проекти. Преку нив се чувствувам многу подобро и покорисно. Моите примарни цели во Скопје се да работам во магазинот „Воисес“, да учествувам во други волонтерски активности и настани, но и да запознавам нови луѓе и различни култури и, се разбира, да уживам во моментот.

Навистина сакам да креирам нешто со кодирање, како мобилни апликации итн. Во слободно време работам на овие проекти, ги гледам трките во Ф1 (ако ова не е тркачки викенд, тогаш повторно и повторно гледам некои од легендарните трки), а исто така, и вежбам виолина.

Многу сум среќен што сум тука во ВЦС.

Фуркан Саридикен

Фуркан ќе волонтира во ВЦС во следниот месец преку краткорочен ЕСК проект.

Организација-испраќач: EU Activities Center (Турција)