You are currently viewing Повик за обука во Германија!

Повик за обука во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Kitchen Youth Work” во Германија.

Место: Гарлштет (блиску Бремен), Германија
Датум: 31.08 – 7.09.2024

За проектот:
„Kitchen Youth Work“ има за цел да обезбеди соодветна средина за учење за луѓето што се заинтересирани за неформално образование или младинска работа. Учесниците ќе истражуваат нови, иновативни начини и методи за внесување на младинската работа во кујнската средина.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: NaturKultur

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 05.05.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.