You are currently viewing Добредојде Марцел, нашиот нов волонтер од Полска!

Добредојде Марцел, нашиот нов волонтер од Полска!

Здраво на сите,

Јас сум Марцел од Полска и имам 19 години. Многу сум возбуден што сум во Скопје! Најпрво, сакам да искусам како е да се биде волонтер, а за мене најдобра опција да ја започнам мојата волонтерска авантура е тоа да го направам во странство. Со редовно пишување и зборување, ќе го подобрам мојот англиски јазик и ќе имам можност да запознавам нови луѓе од различни земји и да научам за нивните култури.

Кога првпат пристигнав во Скопје, бев љубезно пречекан од другите волонтери и од лидерите на тимот на ВЦС. Ќе останам во Македонија во наредните девет месеци и исклучително сум среќен што сум овде.

Да бидам искрен, долго време со нетрпение чекав да патувам и да го посетам ова место. Еден од моите соседи во Полска е Македонец и е запознаен со работата на ВЦС. Тој ми кажа повеќе за можностите за мојот престој овде.

За време на мојот проект ќе се фокусирам на пишување написи за различни теми, но возбуден сум што ќе учествувам во многу локални настани и активности на ВЦС, како оние во Дневниот Центар за деца од улица во Шуто Оризари.

Зборувајќи за моите цели за овој период, сакам да ги развијам моите новинарски вештини, бидејќи планирам да се занимавам со новинарски студии во иднина.

Во слободното време сакам да играм одбојка и фудбал, како и да поминувам време со пријателите.

Марцел Мањковски