You are currently viewing Повик за младинска размена во Шпанија!

Повик за младинска размена во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 МУЗИЧАРИ (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „mEUsic“ во Шпанија.

Место: Наваредонда де Гредос, Шпанија
Датум: 11.09 – 18.09.2023

За проектот:
Музиката е „јазик“ што го „зборуваат“ сите ширум светот. Пренесува чувства, пораки, култури и многу повеќе, без потреба од зборови. Ова е причината зошто ќе истражиме многу начини за разбирање и создавање музика и ќе се нурнеме во различни европски култури преку нивната музика.
За повеќе информации: Инфо-пакот

Партнер на проектот: Plan B Educación Social

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 360 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 13.07.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.