You are currently viewing Добредојде Александра, нашата нова волонтерка од Полска!

Добредојде Александра, нашата нова волонтерка од Полска!

Здраво! Јас се викам Александра, но сите ме викаат Ола. Имам 19 години и доаѓам од Косаково, Полска. Тукушто завршив средно училиште за туризам и сакав да направам пауза од една година, бидејќи не бев сигурна дали сакам да одам на универзитет. Уживам да патувам, па размислував да волонтирам некаде. Дознав за Волонтерски Центар Скопје и многу ми се допаднаа нивните активности. Добив позитивни вибрации од нив плус мислев дека тоа ќе биде одлична можност за мене да се развивам како личност. Затоа решив да се обидам да им се придружам.

Моите интереси се книгите, особено за само-развојот. Сакам пливање и планинарење. Јас сум љубопитна за светот во целина, па да се биде на сосема ново место е возбудливо за мене. Сигурна сум дека ќе уживам во Македонија! Ме интересира азиската култура и сум голем обожавател на нивната храна, толку е вкусна. Моите други хобија се гледање филмови, слушање музика, играње видео-игри и медитација.

Верувам дека времето што ќе го поминувам во ВЦС ќе биде незаборавно. Со нетрпение очекувам да запознаам нови луѓе и да учам од нив. Сакам да бидам дел од оваа неверојатна заедница и да ширам позитивност насекаде каде што одам!

Александра Шумиелевич