You are currently viewing VOICES October 2021

VOICES October 2021

Подолгите и постудените ноќи не потсетуваат дека надвор е веќе есен. За многумина, тоа е време кога енергијата се намалува, а расположението доаѓа за активности што не нудат таква радост како во текот на летото. Кој сака да седи под ќебе и да гледа тажен филм, кога можете со пријателите да посетите места за кои отсекогаш сте сонувале? Тоа е за летото. Сега е време да ја дочекаме новата сезона.

Заедно со шарени лисја, дожд и копнежот за топол чај, да видиме што може да се направи во слободно време. Во ова издание, разговаравме со луѓе чија страст може да се опише како уметничка. Како е да се игра улога во една од сериите на „Нетфликс“? Како може да го претворите вашиот интерес за фотографија во нешто што може да го промени животот на другите луѓе?

Гледајќи го она што ни се нуди секојдневно на екранот, не забораваме на она што не опкружува. Се сеќаваме на нашите кратки патувања, вклучително и во Кокино, кои се покажаа како полн погодок. Го проверуваме и македонското банкарство за секој случај ако ни останат пари од овие празници. Есента не прави сентиментални, така што можеме да се грижиме за семејните традиции, како на пример создавање рачно изработен накит наречен филигран.

Новото издание на „Voices“ не потсетува дека дури и да го нема летото, сепак можеме да најдеме многу причини за насмевка. Се надеваме дека ова издание ќе ви донесе надеж и мотивација да ги започнете или продолжите вашите идеи.
Уживајте во читањето!

Ана Марек

VOICES October 2021 PDF