Повик за волонтер во Полска!

Повик за волонтер во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер за учество на долгорочен (дванаесет месеци) ЕСК проект под наслов: “Open to local communities” во Бидгошч, Полска.

Место: Бидгошч, Полска

Датум: Ноември 2021 – Ноември 2022

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.!!

Повеќе за проектот:

Бараме отворени и позитивни личности, подготвени да стекнат ново искуство како волонтер за меѓународна атмосфера. Во овој проект можете да работите со стари лица, деца, лица со попреченост или во канцеларија.

Помогнете им на лицата со посебни потреби во „Workshop Therapy Center” на фондацијата „Wiatrak”, помогнете им на постарите лица во Клубот за сениори и дневниот центар „Pinokio“, поддржете ги наставниците во градинките „U Karolka“ и „Under the Pines“ или во Центарот за католичка култура – CKK „Wiatrak“.

За повеќе информации:  INFOPACK

Организација-домаќин: “Wiatrak” Rozwija Skrzydła (Полска)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Обезбедени се и сместување, осигурување, транспорт, храна и џепарлак.

Како да аплицирате?

  1. Испратете маил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете го насловот на проектот во насловот (на пример: Волонтер од Македонија, “Open to local communities”)
  3. Претставете се накратко и посочете кој проект ве интересира
  4. Приложете го вашето CV на англиски јазик
  5. Приложете мотивациско писмо на англиски јазик, одговарајќи барем на следниве прашања:
  • Кој си ти?
  • Колку години имаш?
  • Зошто сакаш да учествуваш?
  • Како ќе допринесеш за проектот?

!!Краен рок за аплицирање: 04.10.2021!!

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.
Ги очекуваме вашите апликации!