You are currently viewing Тренинг-курс, Анкара : “Digital Youth At Your Best”

Тренинг-курс, Анкара : “Digital Youth At Your Best”

Проектот се одржа од 23 до 30 август 2021 година во Анкара, Турција. Четири учесници од Македонија учествуваа на проектот: Сања, Ангела, Мими и Велјан.

Останатите учесници беа од Романија, Турција, Италија, Литванија и од Шпанија. Возрасната граница беше од 18 до 40 години. Групата во Анкара беше многу продуктивна, ефикасна и ефективна. Научивме толку многу нови работи, како се прават работите во нивната земја и токму за темата на овој проект
какви дигитални алатки се користат во секоја земја. Научивме нови апликации и алатки што можеме да ги имплементираме во нашиот секојдневен начин на живот, без разлика дали зборуваме за уредување фотографии, презентации за училиште или алатки што во денешно време наставниците ги користат за да одржуваат дигитални предавања, како и за апликации што можат да се користат во работниот простор. Алатките за кои не знаевме ништо пред да
дојдеме на овој проект, но навистина е добро да се споделат се следниве: Tinychat, Slack, Quizlet, Canva, Padlet и Snappa. Тренерот беше толку позитивен и направи сите задачи да изгледаат супер забавно. Направивме многу игри што направија да се чувствуваме поудобно со новите луѓе и да научиме повеќе за нив. Бевме возбудени да ја истражиме Анкара и да научиме повеќе за
локалната култура и кујна.

Ние дизајниравме игра и направивме надворешна задача за еколошките проблеми со кои се соочува планетата и што треба да направиме за да ја подобриме преку имплементација на дигитална алатка.

Ние им препорачуваме на сите да оди на проект од програмата „Еразмус + “(барем еднаш), бидејќи го менува вашиот начин на размислување, перцепција и ве тера да бидете поотворени, позитивни и да размислувате за нови идеи (бура на идеи ). Значи, кога ќе се вратите, подготвени сте да придонесете за имплементација на знаењето што сте го научиле, како и да планирате да одите на следниот проект.