You are currently viewing Voices April 2022

Voices April 2022

Ох, април! Месецот на повторното раѓање и повторното будење – погледнете ги тие дрвја и цвеќиња! По изненадувачки долгата зима, повторно можеме да уживаме во сончево и топло време. Можете ли да ги помирисате новите авантури во воздухот? Конечно, можеме да им кажеме збогум на зимските капути и да уживаме во активностите на отворено. Пешачење до Водно секој викенд? Тоа звучи како добар план.

Денот на шегата е , но тотално сериозно – излезе новото издание на „Воисес“! Можете да го земете нашиот најнов број и да уживате во читањето разни интересни приказни додека се разладувате во природа за да ја нахраните вашата душа.

Нашето „Воисес“-семејство значително се зголеми, па затоа сме подготвени да го размрдаме вашиот свет со нов дух и енергија. Ако сакате да станете подобра личност, проверете ја нашата тема на месецот. Феран, студент по стручно образование и обука, реши да ги сподели со вас тајните за само-подобрување. Можете да му верувате на овој човек. Тој е жива инспирација!

Сè уште не сте убедени? Значи, можеби сакаш да учиш нови работи? Еве ти. Прочитајте за каталонската култура, начините за разликување на азиските јазици или забележувајте длабоки фејкови. Сето тоа зачинето со малку психологија, музика и книги – нешто погодно за секого.

Искористете го најдоброто од оваа пролет и уживајте!

Александра Канасиук

VOICES April 2022 PDF