You are currently viewing Повик за обука во Данска

Повик за обука во Данска

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (18+ години) од Македонија за учество на обука за проектот: „ Community Soup” во Пиндструп, Данска

МестоПиндструп, Данска

Датум20.4 – 28.4.2022

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

„Community Soup“ е обука што има за цел да им помогне на младите претприемачи и креатори на проекти да ги реализираат своите идеи. Преку социјална иницијатива за групно финансирање,  учесниците ќе добијат увид во мрежата на Soup и ќе стекнат знаење за градење заедница, управување и поддршка за младите луѓе.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Aarhus Soup

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Community Soup“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмона англискисо одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 28.03.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.