You are currently viewing Втора Национална работилница за вмрежување на КУПР

Втора Национална работилница за вмрежување на КУПР

Волонтерски Центар Скопје денеска ја организираше втората Национална работилница за вмрежување на координатори за деловни врски, како дел од регионалниот проект „Обезбедување квалитет за работата на координаторите за деловни врски“ Настанот се одржа во Рагуза 360 во Скопје и на него присуствуваа речиси 60 училишни координатори, директори и експерти од Македонија. За време на работилницата учесниците дискутираа и анализираа за моменталната состојба на внатрешните процеси во училиштата, детектираните проблеми и предложените подобрувања.

Проектот е финансиран од Австриското Федерално Министерство за Образование и Наука, во соработка со македонското Министерство за Образование и Наука и Центарот за Стручно Образование и Обуки на Македонија. Проектот е воден од ОеАД, австриска агенција за Образование и Интернационализам, а Волонтерски Центар Скопје е координатор и логистичка поддршка за Македонија.

Партнери:
OeAD
OeAD Cooperation Office Tirana
Министерство за Образование и Наука
Центар за стручно образование и обука