You are currently viewing Повик за волонтер во Естонија!

Повик за волонтер во Естонија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години), од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект „Unified Actions” во Естонија.

Место: Мустла, Вилјанди, Естонија
Период: Октомври 2022 – Јули 2023 (10 месеци)

За проектот:
Како волонтер, ќе имате можност да се вклучите во разновидна низа активности на Tarvastu Open Youth Centre. Вашите задачи ќе бидат:

  • Помош на персоналот на младинскиот центар во рекреативни, едукативни и забавни активности за локалните млади;
  • Учество во планирањето и организирањето на активности и настани (концерти, филмски вечери, народни празници итн.) заедно со други локални институции;
  • Можност за помош на воспитувачките во градинка во секојдневните рутини со децата;
  • Создавање сопствени иницијативи, како што се музички концерти, работилници наменети за локалната младина.

Повеќе информации: ТУКА

Проект партнер: Continuous Action NGO (Естонија)

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 13.10.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.