You are currently viewing Повик за волонтери во Италија!

Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Green Faenza” во Италија.

Место: Фаенца, Италија
Датум: Почеток кон крајот на мај (6 месеци)

Повеќе за проектот:

Волонтерот ќе ја поддржи организацијата-домаќин и локалната заедница, помагајќи при разни локални фолклорни настани, промовирајќи ги европските можности за младите и негувајќи дух на солидарност и креативност.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Организација-домаќин: RIone Verde APS

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 30.04.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.