You are currently viewing Седум дена да се разбере “Човековата различност!”

Седум дена да се разбере “Човековата различност!”

Од 28 јуни до 6 јули годинава, Волонтерски Центар Скопје организираше обука во рамките на програмата „Еразмус+“ за проектот: “Human Diversity! / Човекова различност!” што се одржа во Струга. Проектот за верска толеранција и човекова различност донесе разновидна група учесници од Македонија, Романија, Словенија, Шпанија и од Полска, како и луѓе од Сомалиската заедница кои живеат во Холандија, Данска и во Финска. Со фокус на многуте теми кои поттикнуваат размислување, учесниците имаа можност да учат едни од други, промовирајќи инклузија и толеранција низ Европа. 

Овој проект беше креиран и предводен од проектниот менаџер во ВЦС, Андреј Наумовски. Според него, „постои потреба за повеќе конверзации на овие теми“. „Сите се соочуваме со прилив на информации со мас медиумите и лесно може да сме презаситени од тоа, особено младите луѓе поради нивната позиција на социјалните медиуми. Целта на овој проект не е да се креира универзална вистина или нов преглед на светот, туку да овозможи подлабоко разбирање на основите на различниста и инклузијата на младите луѓе од кое што може да извлечат нешто добро и да го искористат во нивните заедници”, вели тој. 

Дел од учесниците додаваат дека “има потреба да се биде посвесен за опасностите кои може да израснат од недостатокот на инклузија.” 

Недела за паметење 

Првите денови од проектот беа исполнети со ангажирани активности дизајнирани да ги поттикнат врските и за истражување на сопствените идентитети. Со првично нагласување на уникатните квалитети кои придонесуваат за севкупната разновидност на групата – успеавме, преку дискусии, дебати и размислувања, да го привлечеме вниманието на нашите заеднички сличности. Почнувајќи од таму, учесниците формираа мали групи за да истражуваат проекти и идеи фокусирани на промоција на толеранција и различност, со намера да ги имплементираат во иднина.

Како што одминуваше неделата, навлегувавме подлабоко во нашите основни вредности и ги испитувавме нашите перспективи за поспецифични прашања. Првите неколку дена беа исто така клучни за пробивање на мразот и создавање безбеден простор за разговори на потешки теми. Ова и овозможи на нашата група да истражува „жешки теми“ како што се улогата на религијата во општеството, нејзиното влијание врз жените, бракот и облеката – особено шамијата – па дури и нејзината врска со науката. Приказот на жената во приказните за sоздавањето во различни свети книги и нејзиното место во општеството станаа на пример една од „најжешките теми“, не само во работилниците, туку и во дискусиите за време на паузите.

Обуката поврзана со местото

Струга беше вистинското место за истражување на темата за човековата различност. Како што рече еден од локалните македонски учесници: „овој град е жив пример за заедничко живеење надвор од верските разлики“. Навистина, Македонците, Албанците и Турците го населуваат градот додека споделуваат различни вери и јазици. На средина од обуката, групата отиде да го посети и Охрид, високо религиозно место обележано со историски промени. Ова место било почетна точка на преминувањето на Словените во православие кое било поттикнато од емисари на Византија. Меѓутоа, по османлиското освојување, многу места биле претворени во џамии, додека на највисоката црковна власт му било дозволено да остане во градот. Надвор од убавината на градот, неговата историја беше придонес што ги хранеше дебатите меѓу учесниците.

Вредно искуство за споделување во странство

Надвор од меѓусебното учење и разбирање поттикнати во текот на овој проект, крајната цел беше да се опремат учесниците со потребните алатки за ширење на идните иницијативи низ Европа. Покрај множеството различни остроумни работилници наменети да ја рефлектираат и подигнат свеста за човековата различност и соработка, учесниците работеа на свои социјални акции. Врз основа на нивното различно потекло, тие создадоа неколку идеи, вклучувајќи образовни програми во училиштата и компаниите, кампањи на социјалните медиуми за промовирање на граѓанското учество и иницијативи насочени кон поттикнување на зголемена размена меѓу заедниците.

Јуен Ле Брис

Преведувач: Мартина Даниловска

„Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија. Оваа публикација [комуникација] и целата нејзина содржина ги одразуваат само гледиштата на авторот и Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба на информациите содржани во неа“.